1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Замина големиот фотограф Хелмут Њутон

24 јануари 2004
https://p.dw.com/p/AeVz
Градоначалникот на Берлин, Клаус Воверајт, изрази длабока погоденост од веста за смртта на светски познатиот фотограф Хелмут Њутон. Тој беше неверојатен фотограф и уметник од највисок светски ранг, рече Воверајт, посочувајќи дека имал прилика да го запознае Њутон како многу великодушен и отворен човек, кој му направи голем подарок на неговиот роден град, Берлин. Многу сум тажен што Њуток нема да го види со свои очи отворањето на постојаната поставка на негови дела во Берлин, планирана за средината на оваа година, рече Воверајт, нагласувајќи дека Њутон преку оваа изложба ќе продолжи да живее.

Хелмут Њутон е роден во 1920. година во семејство на германски Евреи и мораше да ја напушти земјата во 1938. година поради растечкиот прогон од нацистите. Младешката љубов кон фотографијата ја развиваше понатаму во Сингапир, каде што работеше за еден весник, за подоцна да замине за САД каде ја достигна и големата слава работејќи за големо модни куќи како Живанши, Ив Сен Лоран, Карл Лагерфел и Версаче. Голем внимание на јавноста привлече со фото-збирката со актови, објавена во 1982. година, за подоцна да стане култен фотограф, кој изврши влијание врз цели генерации фотографи.