Заострени безбедносни закони во Германија?
28 јули 2007Реклама
Германската министерка за правда Бригите Циприс предупреди од натамошно заострување на безбедносните закони во Германија. Тоа само поттикнува несигурност- истакна Циприс за весникот Франкфуртер Рундшау. Граѓанските права и безбедноста не смеат да си противречат – реагираше министерката за правда која доаѓа од редовите на Социјалдемократите на најновите предлози за заострување на анти-терористичките закони во Германија , кои пред се се слушаат од претставници на коалициониот партнер во владата Христијанско демократската Унија и сојузниот министер за внатрешни работи од редовите на оваа партија Волфганг Шојбле.