1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заострување на фронтовите и можна забрана на Муслиманските браќа

Нилс Науман/ Симе Недевски19 август 2013

Египетската влада се гледа себеси во војна против екстремизмот. Новото раководство размислува за забрана на Муслиманското братство. Критичарите стравуваат од радикализација на исламистите.

https://p.dw.com/p/19Rv2
Фотографија: Reuters

Само до пред неколку недели беа во зенитот на нивната моќ. Муслиманските браќа владееја со земјата. Мохамед Мурси, еден од нивните, беше претседател на државата. Во меѓувреме тие се борат не само за политичко преживување: Мурси е соборен од власт, многу нивни лидери се уапсени. Нивните приврзеници се фрустрирани и многумина од нив стануваат сѐ порадикални. Стотици беа убиени во последниве денови.

Но Муслиманските браќа немаат намера да се откажат. „Ја даваме нашата крв и нашата душа за Мурси“, скандираат за време на нивните протести. И покрај бројните жртви тие имаат намера и натаму да демонстрираат против соборувањето од власт на демократски избраниот претседател Мурси.

Меѓутоа и армијата која го особори Мурси и преодната влада се непопустливи. „Земјата е во војна против теророт“, се вели постојано. Согласно оваа парола, терористи се Муслиманските браќа. Премиерот на преодната влада Хашим ал Библави се закани дека ќе го забрани Муслиманското братство: „Не може да има помирување со оние на чии раце има крв“, порача Библави.

Bildergalerie Ägypten Gewalt Muslimbrüder
Фотографија: Reuters/Steve Crisp

Критика од Западот

Критики за остриот курс против Муслиманските браќа доаѓа од Западот: „Насилството и загинатите во изминатите денови не можат да се оправдаат, ниту молчешкум да се одобрат“, се вели во заедничкото соопштение на претседалите на Советот на ЕУ и на Европската Комсија, Херман ван Ромпој и Жозе Мануел Барозо.

Италијанската министерка за надворешни работи Ема Бонино, предупреди од забраната на Муслиманските браќа: „Последиците со сигурност би биле катастрофални. Тоа би значело тие да да бидат протерани во илегала и да се засилат екстремистичките фракции. Ако Египет западне во хаос и нестабилност, ќе страда целиот регион“

И германскиот експерт за Египет од Универзитетот Мајнц, Гинтер Мајер не верува дека забраната на Муслиманското братство ќе ја смири ситуацијата во земјата: „ Покрај тоа, огорченоста на Муслиманските браќа е преголема. Тие сметаат дека се целосно во право. Велат, ние бевме демократски избрани. И при нивна забрана тие би сториле сѐ да ја продолжат борбата. Тогаш ќе постои голема опасност, Муслиманското братство да потоне во илегала и да изведува напади“.

Сѐ уште поголемиот дел од про-Мурси демонстрантите е мирољубив. Меѓутоа веќе сега меѓу нив се вмешуваат сѐ поголем број вооружени радикали. Во случај на забрана на движењето, тоа би можело уште повеќе да се заостри.

Според Мајер, забраната не може да го загрози опстојувањето на Муслиманското братство. Тоа има широка база во населението, меѓу другото и поради мрежата на солидарност со училишта, џамии и кујни за сиромашни, која ја има создадено.

Günter Meyer, Leiter des Zentrums für Forschung zur arabischen Welt an der Johannes-Gutenberg-Universität Mainz
Германскиот експерт за Египет, Гинтер МајерФотографија: Privat

Покрај тоа, Муслиманските браќа имаат искуство во односот кон државните репресалии. Нивната 85-годишна историја е историја на постојани промени. Понекогаш тие, иако органичено, можеа да учествуват во политичкиот живот, понекогаш беа во насилна конфронтација со државата. Многу Муслимански браќа со години беа в затвор, меѓу нив и осборениот претседател Мурси.

„Прекумерно насилство“

Најмоќниот човек во Египет, началникот на армијата Абдел Фатах ал-Сиси вчера (18.08.2013) повторно ги повика Муслиманските браѓа да се откажат од нивните протести. Наместо тоа тие би требало повторно да се вклучат во политичкиот живот. „Египет има место за сите“ , порача Ал Сиси. Истовремено, тој се закани дека безбедносните сили ќе постапуваат остро против насилнички настроените исламисти.

Експертот за Египет Гинтер Мајер не верува во брзо постигнување согласност меѓу војската, преодната влада и Муслиманското братство. „Безредијата, кои сега ги доживуваме, не значат крај. Мирно политичко решение на конфликтот засега не е на повидок. Јазот меѓу приврзениците и противниците на Мурси е преголем“, вели Мајер.

Ägypten Tag nach den Ausschreitungen 15.8.2013
Фотографија: Reuters

Со секој нов загинат, расте и омразата. Попат остануваат човековите права. „Тие не играат никаква улога за ниту една од страните во конфликтот“, вели Мајер. За тоа сведочат големиот број жртви при насилното расчистување на протестниот камп на Муслиманските браќа, но и бруталните убиства на полицајци и напади врз коптските цркви.

Филип Лутер, експерт за Египет, во организацијата за заштита на човековите права Амнести Интернешнл, говори за „прекумерно насилство“ на безбедносните сили против демонстрантите. Со оглед на нападите врз коптските христијани Амнести ги повика египетските власти да гарантираат заштита на христијаните и останатите малцински групи во земјата.