1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западен Балкан: Каде сме на патот кон ЕУ?

Марина Максимовиќ / Елизабета М. Фиданоска24 мај 2013

Десет години по „ветувањето за перспектива за членство“, земјите од Западен Балкан се наоѓаат секоја на своето скалило, но сепак секоја поблиску до ЕУ од кога и да било досега, порачано е од конференцијата во Даблин.

https://p.dw.com/p/18dWJ
Фотографија: DW/M. Maksimovic

Солунскиот самит ЕУ-Западен Балкан е оценет како „пресврт“ во односите на ЕУ и земјите од регионот кои тогаш добија две пораки - дека перспективата за членство е реална за сите и дека мапата на ЕУ не е заокружена без тој ргеион.

„До каде ќе стигнете и колку бргу зависи од вас“, изјави Крис Патен, тогашен комесар за надворешна политика на ЕУ. Каде Западниот Балкан е денес на тој пат, во Даблин, на конференцијата посветена на десетгодишнината од Солунскиот самит ЕУ-Западен Балкан, се обидоа да одговорат актуелниот еврокомесар за проширување Штефан Филе и експертите на ЕУ и на Западен Балкан кои учествуваат на конференцијата:

Dublin 10 Jahre Thessaloniki Konferenz
Фотографија: DW/M. Maksimovic

„Европската перспектива која е ветена пред 10 години е многу жива. Ги повикувам владите и опозициите на земјите во процесот на проширување да ја земат европската агенда како основа на заедничките напори, затоа што колку што во една земја е посилен консензусот за европските прашања, толку таа земја побрзо се движи кон ЕУ. Европската агенда не смее да биде занемарена поради националната, ниту би требало да постојат оправдувања како што е повикувањето на ’замор од проширувањето’, додека истовремено реформските процеси дома се одолговлекуваат“, нагласи Филе.

Македонија стагнира

Во Даблин пред се‘ Хрватска, но и Србија се оценуваат како „успешни приказни“, а во таа група се вборјува и Црна Гора, за која се вели дека нема поголеми проблеми на својот евроинтегративен пат. Во групата земји кај кои напредокот стагнира поради внатрешни или билатерални причини се наведуваат Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија.

Dublin 10 Jahre Thessaloniki Konferenz Štefan Fule
Штефан ФилеФотографија: DW/M. Maksimovic

Преминувањето од политичка волја кон практични решенија е патот за напредување на земјите од Западен Балкан. Истовремено, не е тајна дека се менува и самата ЕУ и дека заедно со нејзината подлабока интеграција условена од економската криза, се менуваат и очекувањата, па и самиот европски пат на идните членки. „Ќе биде се‘ потешко, но од тоа не треба да се стравува, туку треба дома да се создаде работен консензус“, порача хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ.

Во Даблин е уште еднаш повторена и пораката од Солун од пред 10 години, која гласи - обединувањето на Европа не е завршено без интеграција на Западен Балкан.