1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западниот Балкан останува на агендата на ЕУ

Силвера Падори19 октомври 2006

Заговарањето нов консензус околу насоките за проширувањето на Европската Унијата и актуелните позиции кои ги има ЕУ кон Бугарија и Романија, како нови членки,. Турција и Западниот балкан, беа тема и на влчерашните разговори во Берлин меѓу шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнамер и комесарот за проширување Оли Рен.

https://p.dw.com/p/Ac2J
Оли Рен,еврокомесар за проширување
Оли Рен,еврокомесар за проширувањеФотографија: dpa

Западниот Балкан ќе биде во фокусот на политичкото живеење на Европа и во наредната година. Не само заради решавањето на статусот на Косово, туку и поради престојните избори во Србија, од чиј исход во многу нешта ќе зависи стабилноста на регионот. Што се однесува до проширувањето - од 1 јануари нејзини членки ќе бидат Бугарија и Романија, а забелешки се упатени на адреса на Турција. За земјите од Балканот, меѓу кои и Македонија е подвлечено и дека имаат eвропска перспектива.Комесарот за проширување Оли Рен,по разговорите со шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер за ДВ изјави:

„Минатиот декември Европскиот совет и го додели статусот кандидат на Македонија, што беше награда за значајните реформи во земјата и постигнатата демократска стабилност, само 4 години по заканите од граѓанска војна. Сега реформскиот процес напредува, но ние сакаме да видиме нивно натамошно интензивирање пред да го доделиме наредниот степен во процесот на зачленување.Инаку, минатат година сите земји од западен Балкан направија чекор напред во процесот на приближувањето и асоцорањето со ЕУ.“

Но, со каква конкретна динамика ќе оди наредното доближување и дали евроскептицизмот ќе доведе до некаков тајм аут ќе се знае повеќе во ноември, по презентирањето на стратегијата за проширување, кажува Рен појаснувајќи:

„Најпрво треба да постигнеме нов консензус околу проширувањето кој треба да биде своевидна комбинација на двата стратешки интереси на Унијата. Таа да биде зона на мир, слободи и просперитѕет, а во истовреме да биде осигурана функционалноста на Унијата која нема да биде нарушена со вклучувањето на новите членки.

Овој консензус треба да биде резултат на широка дебата, која практично започна со финското, а треба да финишира со германското претседседателство со Унијата.

Оттука се и проценките на политичките експертии дека во екот на своето претседавање со ЕУ на Германија,на дневен ред нема да има ново проширувања.

Германскиот шеф на дипломатијата Штајнмаер истакнувајќи ги европските перспективи на балкансјките земји забележа дека во моментов сите тие имаат различни степени на развој. Тој потсети дека поради несоработката со Хашкиот трибунал Србија во моментов е суспендирана од процесот на стабилизација и асоцијација со ЕУ. По однос на Косово Штајнмаер забележа дека се очекува избештајот на Ахтисари истакнувајќи дека статусот, а и изборите најверојатно ќе бидат во фокусот и на престојното германско пртетседателство со ЕУ во првата половина на 2007. За ратификувањето на договорите за членство во ЕУ на Бугарија и Романија од страна на Бундестагот, чија дебата стартува денес, а треба да заврши до крајот на годинава, Штајнамер вели:

„Убеден сум дека во германскиот Бундестаг ќе има не само просто, туку широко мнозинство кое ќе се изјасни за неопходната ратификација на одлуката за членството на Бугарија и Романија во ЕУ.“