1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западот повеќе не сака да плаќа за истокот

Тереза Тропер/Симе Недевски1 април 2012

По обединувањето на Германија, западот на земјата се обврза финансиски да ги помага покраините од бившата Германска Демократска Република. Но работите се променија...

https://p.dw.com/p/14W0p
Фотографија: dapd

Западот му помага на сиромашниот исток. Тоа беше идејата која стоеше зад германскиот пакт на солидарност. Во меѓувреме, некои градоначалници во западна Германија почнаа да бараат солидарноста да не биде зависна од тоа дали станува збор за истокот или западот на земјата. Во меѓувреме и општините на западот имаат се‘ помалку пари па за исплаќање на помошта за источните покраини мора да земаат кредити.

Западните градови во големи долгови

Неодржувани улици, згради на раб на пропаѓање. По затворањето на јагленокопите, поранешната индустриска метропола Дортмунд западна во големи долгови. Токму како и бројни други градови во Рурската област на западот од Германија.

Finanzlage westdeutscher Kommunen
Зграда во Дуизбург- слична слика може да се види во бројни германски градовиФотографија: dapd

И покрај тоа и Дортмунд мора секоја година да плаќа милиони евра за т.н. „Пакт на солидарност“. Овој пакт е востановен по обединувањето на Германија, за да и‘ се помогне на поранешна Источна Германија економски повторно да застане на нозе. Четири градоначалници од Рурската област сега бараат тој да биде укинат. Затоа што повеќе од 20 години по падот на Берлинскиот ѕид, многу места во источна Германија сјајат со нов сјај. За разлика од оние на Запад. Но предвременото укинување на Пактот за солидарност сепак не е изгледно.

Без поддршка за чекорот

Политичари од сите германски партии го отфрлаат предлогот на градоначалниците.

„Загриженоста е оправдана но во моментов расправата за парите за Пактот за стабилност нема да ни донесе ништо. Цврсто е договорено тој да трае до 2019. година“, вели премиерката на покраината Северна Рајна Вестфалија , Ханолоре Крафт.

По овој законски утврден рок, треба одново да се преговара, со цел средствата за поттикнување на економијата повеќе да не се доделуваат според географската положба, туку според вистинските потреби, бараат многумина.

.