Западот подобар од Истокот на „Олстар“ мечот
27 февруари 2012Кошаркарите на Западот го совладаа Истокот со 152:149 на Олстар мечот кој се одигра во Орландо. За најкорисен играч на мечот беше прогласено крилото на Оклахома, Кевин Дурант, кој постигна 36 поени во победата на неговиот тим. Неговиот соиграч Коби Брајант, со постигнатите 27 поени, го мина Мајкл Џордан како најефикасен играч во историјата на оваа манифестација.
Бекот на Лејкерси, Брајант, досега на Олстар-викендите постигнал 271 поен, со што го мина Џордан кој има 262, а претходно и Карим Абдул Џабар и Оскар Робертсон.
Во селекцијата на Истокот, најефикасен беше Леброн Џејмс со 36 поени, додека неговиот соиграч од тимот на Мајами, Двејн Вејд постигна „трипл дабл“ со 24 поени, 10 скокови и асистенции, со што стана третиот играч во историјата со таков учинок.
Автор: БГ/бета
Редактор: Ж.Ацеска