1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Започна Тур де Франс

5 јули 2004

Коментаторите на Тур де Франс се во одлична форма. Но веслосипедситите исто така.

https://p.dw.com/p/Aen0
Тур де Франс
Тур де Франс

Вчера беше потребен фото-финиш за да се определи победникот во спринтот во Шарлеруа. Победникот, Естонецот Јан Кирсипу не беше имресиониран од Петаки, Мк Евен, Забел и Хушовд.

„Се разбира дека сум задоволен по победата над Петаки и другите, мислам дека тие ќе имаат други шанси за спринт на Тур де Франс. Тие денес немаа среќа, а за мене беше среќен ден, заклучи скромно етапниот победник Кан Кирсипу.“

По стартот во Лиеж, во соседна Белгија, 188-те велосипедисти од годинашново девеесет и прво по ред издание на најпрестижната велосипедска трка во светот, утре се враќаат во Франција. До 25 јули, кога ќе треба да пристигнат на Елисејските полиња тие ќе извозат вкупно 3429 километри, распоредени во 20 етапи.

Сите си го поставуваат прашањето, дали петкратниот победник, американецот Ланс Армстронг ќе успее да да ја освои шестата по ред жолта маичка и со тоа да влези во историјата на велосипедизмот. Подвиг кој не успеаа да го реализираат неговите славни претходници: Жак Анкетил, Еди Мерк, Бернар Хино и во поново време Мигуел Индураин. По првите два дена поминати на Тур де Франс, Армстронг се наоѓа на третата позицијам со само десет секунди задоцнување зад лидерот, швајцарецот Фабиан Канцелара.

Човекот, кој според специјалистите, единствено може да му застане на патот на Армстронг, германецот Јан Улриш е на шеснаесеттата позиција. Улриш, годинава сигурно дека ќе биди поопасен, бидејќи зад него стои силната германска екипа на Т Мобил. Улриш без сомневање ќе направи сé за да го повтори успехот од 1997, кога ја освои жолтата маичка.

Ланс Армстронг и покрај обвинувањата дека земал недозволени допинг средства, изнесени од неговата поранешна масерка Ема О'Релим, засега не покажува психолошка слабост.

Организаторите на Тур де Франс, годинава најавуваат беспоштедна борба против допингот. Најпрво не беа прифатени сите веосипедисти чии имиња се споменуваат во актуелните истраги за земање на допинг средтва, а се очекуваат и околу 200 анти-допинг контроли. Пред почетокот на трката, сите велосипедисти беа информирани за постигнатиот напредок во откривањето на синтетичниот хемоглобин, хомологните трнасфузии на крв и земањето на хормонот за раст... Но, некои веќе се сомневаат дека во оптек е нова молекула на ЕПО, која е невозможно да се открие со аактуелните анти-допинг контроли.

И покрај бројните допинг-афери велосипедизмот останува и понатаму еден од најпопуларните спортови. Бројната публика, изминативе денови во Белгија, а се очекува да биде исто така бројна и во Франција, сведочи дека овај напорен спорт ја ужива подршката на народот, кој знае да им приреди вистински триумф на новите или старите херои на Тур де Франс.