1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Засега без сензација во преговорите САД-Северна Кореја

3 септември 2007

Коментар на Матијас фон Хајн

https://p.dw.com/p/BazJ
Дали поплавите и загубената жетва го предомислија режимот во Пјонгјанг?Фотографија: AP

Сигналите од Женева треба позитивно да се вреднуваат, иако не може да се открие голема супстанца. Она што допре до јавноста се изјавите на американскиот преговарач Кристофер Хил. По дводневните преговори со неговиот северно-корејски партнер Ким Гиа-Гван, Хил изјави дека Северна Кореја до крајот на годинава во целост ќе ја запре атомската програма. Тоа би била сензација! Меѓутоа, ни Хил не сакаше да зборува за пробив, туку само за важен резултат. Ким Гиа-Кван беше уште повоздржан: тој ја искажа готовноста на неговата земја да ја отвори програмата, а потоа и да ја запре. За разлика од Хил, тој не спомна конкретен датум.

Ваквите преговори се постојана битка за отстапки. По катастрофалните поплави и загубата на голем дел од жетвата, Пјонгјанг можеби е подготвен на отстапки за да добие помош за сопственото население, иако порано го интересираше опастанокот на комунистичкиот режим, а никако сопстевниот народ. А, всушност, билатералните преговори се повеќе американска отстапка. Вашингтон со години се колебаше директно да преговара со Пјонгјанг, и учествуваше исклучиво во шест-партитните преговори во Пекинг. Дури под впечатокот на корејската атомска проба во минатата година, Вашингтон го смени таквиот став. Оттогаш дојде до движење: Северна Кореја веќе ги доби првите испораки на нафта и пристап кон замрзнатите конта. За возврат, по 4 ипол години, инспекторите на меѓународната агенција за атомска енергија повторно можеа да влезат во земјата. Реакторот во Јонгбјонг беше затворен, но во секое време може повторно да влезе во погон. Инаку, сите етапи на патот кон смирување на конфликтот мораа да бидат со ценкања,во кои Северна Кореја секо чекор скапо го наплаќаше. Со оглед на најмалку подеднакво опасната атомска програма во Иран, на САД не им останува ништо друго, туку да ја прифатат секоја цена. Ниту, пак, Вашингтон ќе добие гаранции, дури и ако на крајот повторно бидат воспоставени официјални односи меѓу Белата куќа и Пјонгјанг, што автоматски ќе значи и гаранција за ненапаѓање.

Матијас фон Хајн