1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заседание на германската влада

23 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BXCC

Денеска во Мезеберг во Бранденбург на дводневни консултации се состана германскиот владин кабинет. На средбата би требало да се донесе програмата на големата коалиција за преостанатите две години од мандатот до следните сојузни избори. Најважниот планиран проект е пакетот за заштита на климата. Владата има намера да ја постигне планираната цел до 2020 година да ги намали штетните издувни гасови за вкупно 40 проценти. Следно тежиште е недостигот на стручен кадар во земјата. На почетокот, канцеларката Ангела Меркел изјави дека во изминатите две години коалицијата успеа многу да постигне.