1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Затворањето на Гвантанамо отвора нови прашања

Даниел Шешкевиц23 јануари 2009

Политичарите и експертите за човекови права од целиот свет бараа од Барак Обама да го затвори озлогласениот логор во Гвантанамо, но исто така да се погрижи за соодветен третман на лицата кои таму биле лишени од слобода.

https://p.dw.com/p/GeQ2
Ќе зајде ли конечно сонцето за затворот Гвантанамо: зданието каде се сослушуваат затворениците на зајдисонцеФотографија: AP

Во моментов има околу 250 затвореници во Гвантанамо, чиј статус не е разјаснет. Група од околу 60-мина се сметаат за невини и тие би можеле по релативно брза и едноставна постапка да бидат пуштени на слобода, доколку се најдат земји што би ги прифатиле. Тоа мора да бидат земји во кои не им се заканува натамошен затвор или измачување, бара претседателката на Одборот за човекови права при германскиот парламент, Херта Дојблер Гмелин. „За почеток мораат Американците да ги прифатат, затоа што се тие виновни за неправдата сторена на Гвантанамо. Тие се одоговорни за тоа и треба да ја прифатат одговорноста. Секако, доколку некои од затворениците речат дека толку многу ги мразат Американците поради она што ги снашло во озлогласениот затвор и не сакаат да одат во САД, тогаш треба да се најде решение или за враќање во нивните татковини или ако и таму се плашат за сопствената безбедност, тогаш треба да се најде решение за заминување во трети земји. За такви случаи веќе постои постапка во меѓународните односи, може да се склучат и договори - тоа може да се реши!“

Argentinien Koalition gegen Straflosigkeit
Претседателката на одборот за човекови права на германскиот Бундестаг, Херта Дојблер ГмелинФотографија: Pablo Kummetz/DW

На затворениците им треба рехабилитација

Веќе наредната недела во Брисел се среќава министерскиот совет на ЕУ за да разговара за заеднички настап на Европејците по ова прашање. Волфганг Хајнц, експерт за меѓународно право при германскиот Институт за човекови права го гледа следниот можен проблем: „Луѓе кои во Гвантанамо минале три, четири или пет години не може сега едноставно да бидат пуштени да заминат негде, па да видиме што ќе се случи со нив. Посакувам овие лица да бидат прифатени во земји, каде што ќе добијат медицинска и социо-психолошка нега и поддршка, каде во посебни услови повторно би воспоставиле контакт и со нивните семејства. Овие луѓе треба постепено да се враќаат во реалноста, што познавајќи ги и од далеку условите во Гвантанамо нема да биде лесно!“

Back from Guantanamo
Еден од поранешните затвореници на Гвантанамо, германскиот граѓанин од турско потекло, Мурат КурназФотографија: AP

Многу отворени прашања

За експертите се поставуваат и многу други прашања, како што е извинувањето и обесштетувањето за овие луѓе, кои без судска пресуда и право на соодветна одбрана минале толку долго време во затвор. Оние кои американските служби се’ уште ги сметаат за опасни, секако ќе треба да бидат сместени во услови, каде што и понатаму ќе останат под надзор. Во секој случај сите кои се уште во затворот треба да добијат право на редовен судски процес, на местото на воените комисии што ги формира администрацијата на Џорџ Буш. Конечно, експертот Манфред Новак очекува новиот претседател да ги изнесе пред лицето на правдата сите оние кои носат одговорност за вкупниот систем на злогласниот американски затвор на Гванатанамо.

USA Guantanamo Häftling
Еден од затворениците во затворот ГвантанамоФотографија: AP