1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За Баросо и Лета „уа“-извици на Лампедуза

ЕМФ/ард/макфакс/дв9 октомври 2013

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и италијанскиот премиер Енрико Лета денеска (09.10.) беа дочекани со извици на негодување на италијанскиот остров Лампедуза.

https://p.dw.com/p/19wsu
Фотографија: picture-alliance/dpa

Борците за човекови права и жители на Лампедуза на аеродромот ги пречекаа Баросо и Лета со извици: „Срамота!“ и „Убијци!“ и мавтаа со фотографии на бегалци. Со извици на негодување двајцата политчари беа следени и додека нивниот конвој се движеше кон пристаништето.

Италијанскиот премиер Енрико Лета денеска (09.10.) изјави дека жртвите од бегалската несреќа имаат право на државен закоп. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, пак, најави дека Италија ќе добие дополнителни 30 милиони евра од Брисел за бегалците, наведувајќи дека „Европа не може да врти глава, затоа што проблемот е европски“.

Од морето пред брегот на Лампедуза, во меѓувреме, се извлечени околу 300 тела. Вчера министрите за внатрешни работи на ЕУ во Луксембург дебатираа за можните последици од несреќата, но и покрај интензивната дискусија не се исцртува промена на европската политика кон бегалците.

Градоначалничката на Лампедуза, Џуси Николини оцени дека посетата на италијанските и европските челници на прифатниот центар „е неозабиколива етапа за да се види одблизу големата трагедија“.

„Мислам дека италијанската влада мора да побара извинување од децата и од преживеаните поради начинот на кој нашата земја се однесува со нив. Дури тогаш ќе може да побара од Европа да ја преземе својата одговорност“, рече Николини.

Според податоците на невладините организации, меѓу 17 и 20 илјади бегалци од Африка ги загубиле животите обидувајќи се го препловат Средоземното Море во последните дваесет години.