1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За Бога, Русија и половина Косовско поле

АТ/ ЗИ/ ФАЦ/ НЦЦ14 октомври 2013

Односот на Српската православна црква кон прашањето за Косово како и судбината на Јованка Броз се едни од темите за кои пишуваат весниците на германски јазик.

https://p.dw.com/p/19zEm
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Во Белград честопати може да се слушне дека е невозможно во Србија да се води долгорочно политика против православната црква. За да се поверува во ова тврдење се чини дека е доволно да се каже дека и ученикот на Хабермас, бившиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, кој беше убиен во 2003 година, пред крајот на животот бараше тактички начин да и сврти грбот на Српската православна црква.

Српските владики се влијателни пред сѐ кога не се вплеткуваат директно во политиката, туку тогаш кога само опоменуваат и предупредуваат. Но во својот обид да изврши непосредно влијание Српската православна црква веќе претрпе бродолом. Така беше во април годинава во пресрет на гласањето на српскиот парламент за договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, кој беше постигнат под закрила на ЕУ. Во пресрет на одржување на расправата за тој говор Светиот синод ги предупреди пратениците да го отфрлат договорт во име на 'Бога, историјата на српскиот народ и сопсветантата совест'. Но кога на крајот на април се гласаше за договорот, 173 од 250 пратеници сепак го прифатија договорот. Тоа беше значен пораз за владиците. Патријархот Иринеј во разговор за 'Франкфуртер Алгемајне Цајтунг' тоа воздржано го коментираше: 'Црквата нема војска, ни оружје за да се бори за своите идеи. Таа го кажа она што го мислеше. Ние во наше име и во име на верниците рековме дека договорот е за нас неприфатлив'.

Serbien Kirche neuer Patriarch Irinej Gavrilovic
Патријархот ИринејФотографија: AP

Оној кој повнимателно се занимава со држењето на црквата ќе доживее изненадување. Очигледно е дека меѓу некои владици постои значајна наклонетост кон тоа да се признае независноста на Косово за во најмала рака да би се остварила негова поделба, значи северниот дел на Косово во кое живее мнозинско српско население да ѝ припадне на Србија“, пишува „ФАЦ“.

Весникот освен тоа наведува дека патријархот Иринеј во август во текот на посетата на Русија, по средбата со претседателот Владимир Путин ѝ се заблагодарил на Москва не само поради поддршката која ја пружа со цел заштита на светите српски градови на Косовско поле. „Спрема наводите на белградските медиуми, кои црквата не ги демантираше, Иринеј на Путин исто така му се заблагодарил и за тврдокорното држење на Москва по прашањето за Косово: 'Нашиот народ ја има следната изрека: Прво Бог, па потоа Русија. Освен на Бога ние ѝ веруваме само уште на Русија'. За подготвеноста да се разговара со косовските Албанци во Москва не стaнало збор за разлика од други пригоди во кои тоа се споменувало. Оттука е тешко да се препознае јасна линија во отчетите на Српската правослана црква. Можеби причината е во тоа што таква јасна линија всушност не постои“, пишува „ФАЦ“.

Живот од инат

Весникот „Ноје Цирхер Цајтунг“ во текстот под наслов „Живот од инат“ за Јованка Броз пишува:

„Никој не ја претставувуваше Југославија по шарманетно и поблескаво од неа. Јованка Броз својата улога како прва дама ја извршуваше перфектно. Таа покрај Јосип Броз Тито со десетлетија беше симбол на движењето на неврзаните кое беше алтернатива на блоковската поделба на светот за време на Студената војна. Но тоа веќе одамна е историја. Тито почина во 1980. година, а идејата за повеќенационална југословенска држава едно десетлетие подоцна. Јованка Броз остана сама, за нејзиниот брак со Тито кружеа бројни гласини, а нејзиниот напредок во врвот на владејачките кругови во Југославија беше оневозможен со нејзино туркање на маргините на општеството“, пишува „НЦЦ“.

Jovanka Broz Belgrad Serbien ARCHIV 2000
Јованка Броз на гробот на Тито во Куќата на цвеќетоФотографија: picture-alliance/dpa

Јованка, како што пишува весникот го привлече вниманието на јавноста поради нарушеното здравје. „Судбината на вдовицата на Тито, на која никогаш не ѝ беше докажано дека прекршила некој закон, предизвика сепак сожалување и вон границите на Србија. Десетлетието на воени судири, експлозија на национализмот како и посебно болната економска криза на Западниот Балкан во последните години доведоа до тоа на наследството од титоизмот и социјализмот на бројни места да се гледа во нешто подобро светло. Не се само носталгичарите оние, кои сега зборуваат дека тогаш било подобро отколу денес. Оваа позитивна реинтерпретација е добра и за Јованка, еден тивок борец, која својата судбина во текот на четири десетелтија ја поднесуваше без гласни осуди“, пишува „НЦЦ“.