1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За Груевски критиките од Стејт Департментот се стандардни

БГ/макфакс25 мај 2012

Македонскиот премиер ги отфрли острите критики од американскиот Стејт Департмент. Според него, тоа го пишувало и изминатите години за сите земји од регионот

https://p.dw.com/p/152VT
Фотографија: AP

Стандардни критики што ги има и во минатите години. Ова е коментарот на македонскиот премиер Никола Груевски по објавувањето на извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата со човековите права во земјата.

По критиките за мешање на владата во судството и медиумите и гонење политички противници, Груевски вели дека тоа се стандардни предизвици што се јавуваат кај сите земји од регионот.

„Тоа на некој начин се стандарди критики кои што и во минатите години Стејт департментот ги дава за земјите од целиот регион. Ако ги прочитате извештаите од целиот регион ќе видите дека горе доле има едни стандарди предизвици. Ние работиме секојдневно на подобрување на сите делови кои што постојат предизвици и можности за подобрување и така ќе продолжиме и понатаму“, изјави премиерот Никола Груевски.

Во годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права во светот се забележува дека најголем проблем во Македонија е што владата не успеала сосема да го спроведе владеењето на правото, што се рефлектира во нејзиното мешање во правосудниот систем и медиумите, селективното гонење на политичките противници и значајното ниво на корупција. Во извештајот се укажува дека тензиите меѓу Албанците и Македонците предизвикуваат загриженост, а исто така и општествената дискриминација на Ромите и другите етнички и верски малцинства.