1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За мир не треба оружје

21 септември 2009

Светот денеска (21.09.2009) го одбележува Меѓународниот ден на мирот. Тој годинава, како што вели генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, и‘ е посветен на иницијативата за нуклеарно разоружување.

https://p.dw.com/p/JlD4
Бан Ки МунФотографија: picture-alliance/ dpa

„Ќе го искористам овој важен ден да побарам од владите и граѓаните во светот да се концентрираат на важните прашања на нуклеарното разоружување и неширењето нуклеарно оружје“, вели Бан во својата порака по повод денот на мирот, кој се добележува секоја година од 1981 година наваму.

Ризикот и натаму постои

Генералниот секретар на Светската организација истакна дека настаните од последните години потврдија дека и натаму постојат закани од нуклеарни катастрофи и дека светот ќе продолжи да се соочува со нив се‘ додека постои ризик некои земји и терористи да имаат, или да развиваат нуклеарно оружје. Бан потсети дека овогодинешниот Меѓународен ден на мирот се одбележува во време на 64-та седница на Генералното собрание на ОН на која ќе присуствуваат многу светски лидери кои се повикани од страна на генералниот секретар на светската организација сериозно да го разгледаат прашањето.

UN Generalversammlung in New York Sheikha Haya Rashed Al Khalifa
ОН со иницијативи за мирФотографија: AP

Заеднички против атомското вооружување

Бан Ки Мун потсети дека САД и Русија сигнализираа нов договор за намалување на нуклеарните арсенали, како и дека сите земји кои имаат нуклеарно оружје, учеснички на Конференцијата за разоружување, се договориле да работат заеднички на разоружување и неширење на атомското вооружување.

Бан наведе дека во претходните 100 дена ОН спровеле иницијатива за освестување на луѓето ширум светот по прашањето на трошоците и опасноста од нуклеарното оружје. Преку мрежите Твитер, Мајспејс и Фејсбук, ОН преку мејлови, текстуални пораки, радио емисии и преку акцијата „од уста до уста“ објавиле 100 причини за разоружување. Според Бан, во ширењето на слоганот „Мора да се разоружаме“ ќе помогнат и славните личности.

Автор: ЕМФ/АТ/бета

Редактор: Жана Ацеска