1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За одбивање воена служба во Ирак 7 години затвор?

18 август 2006

Процесот на Ирен Ветада, офицер на американската армија, кој започна вчера, предизвика меѓународно внимание

https://p.dw.com/p/AdyP
Американски војници во Багдад
Американски војници во БагдадФотографија: AP

Ирен Ветада одби воена служба во Ирак под образложение дека американскиот воен ангажман во таа земја претставува кршење на меѓународното право. Нему му се заканува казна од 7 години затвор. 28-годишниот Ветада бил сметан за примерен војник. По службата во Кореја, од претпоставените добил оцени за екстремно професионален однос и оти има “неограничен раководечки потенцијал“.

Но, лани летото младиот офицер започнал да чита книги кои критички ја советлуваат војната во Ирак. Од војници што се вратиле бил информиран и за воени злосторства. На крајот на јануари годинава ги известил претпоставените дека „од најдлабоко убедување е против војната во Ирак, оти таа почива врз измама на политичарите, кои се однесувале незаконски. Во изјава објавена во интернет тој вели: „Иако од протест замолив да бидам отпуштен од армијата, сакаат да ме принудат да служам во една јасно илегална војна“.

На 22-ри јуни Ветада со својата бригада требало да биде префрлен во Багдад. Но, тој ја одбил наредбата: „Војната во Ирак го крши принципот на демократски контроли, утврден во нашиот устав. Таа го узурпира меѓународното право и договорите, кои според нашиот устав се и американско право и закон“.

Неговите службени претпоставени, разбирливо, поинаку гледаат на работите: војниците не можат да ги избираат воените ангажмани. Ирен Ветада е обвинет е поради одбивање на наредба, непочитување на претпоставените и невојничко однесување. Ветада има подрршка од истакнати адвокати, меѓу нив и Денис Халидеј, поранешен заменик генерален секретар на ОН, како и од американското мировно движење, многу влијателни на западниот брег во регионот на Сиетл.