1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Збогум „Њуз оф д ворлд“

10 јули 2011

Насловната страница на таблоидот „Њуз оф д ворлд“, кој денеска ќе биде затворен поради аферата со прислушување на јавни личности, синоќа е отпечатена со голем наслов: „Ви благодариме и збогум“.

https://p.dw.com/p/11sSX
Последното издание на британскиот неделник „Њуз оф д ворлд“Фотографија: dapd

Насловната страница на последниот број е колаж од најпознатите изданија на весникот, на која со помал фонт е испишано „После 168 години, конечно рековме тажно, но многу гордо збогум на 7,5 милиони наши верни читатели“. Издавачот „Њуз интернешнл“ минатата недела објави дека има намера да го затвори таблоидот поради обвинувањата за прислушувања на телефоните на околу 4.000 лица, меѓу кои се и јавни личности, но и лица кои биле жртва на некој криминален деликт.

News of the World letzte Ausgabe NO FLASH
Последното издание на британскиот неделник „Њуз оф д ворлд“Фотографија: dapd

Кризата избувна откако британската филијала, која ја предводи синот на Руперт Мардок, Џејмс Мардок, неочекувано и на големо изненадување на домашната медиумска јавност, одлучи да го укине најтиражниот неделник „Њјуз оф д ворлд“. Тоа е првиот весник, кој Руперт Мардок го има купено уште во 1969 година во Велика Британија и кој се’ уште е весник со најголем тираж од изданијата на англиски јазик во светот. Околу 200 соработници на весникот уште три месеци ќе добиваат плата, а дел од нив ќе добијат нови работни места во претпријатието.

Истрагата е во тек

Опозицијата во Велика Британија стравува дека во екот на аферата може да бидат уништени докази и документи и затоа бара брза истрага. Премиерот Дејвид Камерон мора да се погрижи уште овој викенд да бидат утврдени членовите на судскиот истражен одбор, се вели во писмото објавено вчера од Лабуристичката партија. Канцеларијата на британскиот премиер соопшти дека се преземаат мерки, за колку што е можно побрза истрага. Претходно повеќе медиуми информираа дека полицијата се сомнева оти вработените во таблоидот би можеле да избришат милиони мејлови за да ја попречат истрагата. Портпарол на издавачката куќа на весникот ги демантираше ваквите тврдења.

Автор: АТ/ дпа/ миа

Редактор: Горан Чутаноски