1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Згаснете ги светлата за љубов на планетата

ЕМФ/афп23 март 2013

Во 20:30 часот вечерва треба да се изгаснат светлата во чест на планетата Земја. Повикот го упатија еколошките организации, а светската акција за заштита на животната средина почна во Сиднеј.

https://p.dw.com/p/183AV
Фотографија: Reuters

Австралиската метропола Сиднеј е првиот град во кој по повод светската акција за климата „Earth Hour“ (Час за планетата Земја) беа изгаснати светлата, со исклучок на светски познатата Опера (фото), која беше облеана со зелена светлина, што е знак на обновливите енергии. И Германија и Македонија се дел од акцијата која почна во 2007 година токму во Сиднеј. Прво дел од акцијата беа околу два милиони луѓе, а сега светлата се гаснат во цел свет. По Австралија, светлата се изгаснаа и во Јапонија и Кина.

Здруженијата за заштита на животната средина очекуваат во периодот од 20:30 до 21:30 часот по локално време стотици милиони луѓе ширум светот да го изгаснат светлото. Особено спектакуларни глетки пружаат големите споменици потонати во мрак, кои се обележја на земјите како Ајфеловата кула, Таџ Махал, Кремљ, Емпајер Стејт Билдинг или Бакингемската палата. Првпат дел од „Earth Hour“ годинава се граѓаните на Тунис, Суринам, Руанда и Палестинските територии.