1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Здравствената реформа во САД на стаклени нозе

ЖА/ЕМФ/дапд/дв/афп28 март 2012

Во Врховниот суд на САД трет ден по ред се расправа околу уставноста на здравствената реформа во земјата, воведена од американскиот претседател Барак Обама.

https://p.dw.com/p/14TAl
Фотографија: picture-alliance/dpa

Денешниот е последен ден на претрес. Законот за здравство предвидува обврска за здравствено осигурување за сите Американци. Тој на околу 32 милиони неосигурани американски граѓани им обезбедува пристап кон здравственото осигурување. Суштина е обврската до 2014-та година да се склучи здравствено осигурување или да се плати казна. Овој закон е остро оспоруван од страна на Републиканската партија. Критичарите во него гледаат повреда на правото на избор за склучување осигурување на граѓаните и фирмите.

Здравствената реформа важи за еден од најважните проекти во мандатот на Обама. По двата претходни дена на претресот, највисокиот суд во земјата покажа длабока поделеност околу прашањето дали здравствената реформа е во согласност со уставот или спротивна на него.

Врховниот суд има можност одлуката за уставноста на законот за здравство да ја одложи до јуни.

Кандидатот за републиканска номинација за претседателски кандидат на САД, Мит Ромни, веќе најави дека во случај на изборна победа, ќе ја укине здравствената реформа на Обама.