1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Здравјето нема цена

7 март 2010

Во Германија се` повеќе се купуваат био продукти. Прометот во трговијата со био производи е зголемен за четири проценти. Германската престолнина Берлин важи за еден од најголемите европски продажни пазари.

https://p.dw.com/p/MJCM
Се´повеќе потрошувачи се одлучуваат за еколошки здрава хранаФотографија: Bilderbox

Тука класичните супермаркети, синџирот на био храна и малите трговци се борат за потрошувачите за здрава храна. Во некои градски делови, изби вистинска навала по биолошки одгледани продукти. Под мотото: добро, подобро, био, голем број трговци се обидуваат да ги придобијат бројните купувачи.

Се‘ повеќе Берлинчани им даваат предност на продуктите од еколошкото производство. И ги наоѓаат тука, во очигледно најголемиот европски био супермаркет. Се подразбира во трендовската берлинска населба Пренцлауер Берг.

Био, тоа овде е животен стил за луѓето, кои имаат аверзија кон индустриските прехранбени производи.

„Се надевам, дека тука нема премногу хемикалии, најпосле тоа е главната причина", вели оваа жена.

„За мене е одлучувачки вкусот. Тој едноставно е добар кај био - продуктите", вели уште една жена, која купува во супермаркетот.

„Имам чувство, дека тоа е подобро, поздраво е. Сакам да се напијам по некоја чаша вино и си велам, подобро да земам био - вино, отоколку вино од прскано грозје“, вели еден муштерија.

„Тоа е вкусно, едноставно вусно."

Здравјето поважно од цената

Einkauf im Supermarkt
Некои од био-производите се дури два пати поскапи од обичнитеФотографија: Bilderbox

Салатата како да не може да расте толку брзо, колку што има побарувачка за неа. Зборот криза тука никој не го познава. Порастот на прометот само на овој пазар во последната година изнесува цели 15 проценти.

Кој купува овде, сака да сигнализира дека се грижи за своето здравје.

Еколошки произведените продукти чинат една третина повеќе отколку обичните. Некои се дури двапати поскапи. Меѓутоа, за потрошувачите на био-продуктите, цената е второстепена работа.

„Кај нас купува секој, навистина од sидари до професори, тоа е добро. Доаѓаат по цели семејства. Исто така и луѓе кои немаат толку многу пари велат, добро, и тие малку пари што ги имам, сакам да ги дадам за квалитетни животни производи", вели Антје Кап, раководител на маркетинг во ЛПГ биомаркт.

Био производи и во големите супермаркети

REWE Markt in Gelsenkirchen
Био-производите во супермаркетите се поефтини отколку во био -продавницитеФотографија: AP

Никаде во Европа нема толку био продавници како во Берлин. И исто така конвенционалните трговски синџири сакаат едно парче од тортата.

Вториот по големина тровски концерн „Реве“ прифати една сопствена био марка во асортиманот. Био - јогуртот и био - млекото се преработуваат еколошки и имаат повеќе витамини.

Сепак, за продуктите на „Реве“ да ја добијат етикетата „био“ доволно е само да ги исполнуваат стандардите од т.н. Европска еколошка одредба, минималниот стандард за биолошки произведените продукти. Другите производители на био-продукти се построги при додавањето на дополнителни материи. Поради тоа производите се најчесто поефтини отколку во био продавниците.

„Секој сака еднаш да купи био. Поради тоа што цените на био и обичните продукти се скоро исти, секој е подготвен да проба био и најголемиот дел од луѓето потоа продолжуваат да ги купуваат овие продукти", вели Сабрина Хубнер од службата за маркетинг на концернот „Реве“.

Вистинските фанови на био сепак не купуваат во супермаркет, туку одат во продавничката на аголот.

Тука шефот лично ги послужува. Многу муштерии доаѓаат веќе со години и лично се познаваат.

Автор: Клаудиа Ласцак / Светлана Брик

Редактор: Жана Ацеска