1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зелено светло за данокот на финансиски трансакции

ЖА/дв/дпа/афп22 јануари 2013

Патот за воведување на данокот за финансиски трансакции е отворен- министрите за финансии од земјите на ЕУ дадоа зелено светло. Но, ќе го воведат помалку од половината од ЕУ-членките. Кочат Велика Британија и Шведска.

https://p.dw.com/p/17P7j
Фотографија: AFP/Getty Images

Единаесет земји од еврозоната денеска од остантите европски партнери добија зелено светло за воведување на контроверзниот данок на финансиски трансакции.

Данокот на брезите ќе го воведат меѓу другите Германија и Франција.

Велика Британија остро се спротивстави на усвојувањето на ваквата иницијатива, но не застана на патот на воведувањето на ДФТ, што првично го предложија Франција и Германија, на кој потоа им се приклучија и Австрија, Белгија, Грција, Португалија и Словенија, а по нив и Италија, Шпанија, Словачка и Естонија.

Европската комисија предложи да се воведе данок од 0,1 отсто на трговијата со акции, а трговијата со финансиските деривати да се оданочува со 0,01 отсто.

Европската комисија проценува дека данокот на финансиски трансакции во ЕУ годишно би донесол околу 57 милијарди евра.