1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зелено светло за преговори на Црна Гора со ЕУ

ЕМФ/бета29 јуни 2012

Во заклучоците од самитот на ЕУ, според Бета, под ставката „Проширување“ се наведува дека „Европскиот совет ја поддржал одлуката на Советот на министри на ЕУ да почнат преговори за членство со Црна Гора на 29 јуни 2012“.

https://p.dw.com/p/15O79
Фотографија: Fotolia/sogmiller

Лидерите на ЕУ официјално ја одобруваат одлуката на шефовите на дипломатии на ЕУ донесена во вторникот (26.06) во Луксембург да се препорача почеток на преговори, со оценка дека властите во Подгорица оствариле напредок во реформите и барање за дополнителни гаранции дека Црна Гора „ќе ги отстрани причините за загриженост“.

Министрите за надворешни работи на ЕУ нагласија дека властите во Подгорица мораат веднаш да покажат опипливи резултати во владеењето на законот и независноста на правосудството. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе вчера стави до знаење дека „работите поврзани со корупција и организиран криминал се сериозен предизвик за Црна Гора“, со кој Подгорица ќе мора да се избори.

Процесот за отворање преговори би требало да почне веќе попладнево со „меѓувладина конференција ЕУ-Црна ВГора“, во седиштето на ЕУ.