1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Земјата на пивото

25 април 2008

Германија е вистински рај за љубителите на пиво. Може да ви се сврти во умот кoга ќе видите колку многу вкусови на пиво има на располагање.

https://p.dw.com/p/DoS2
Октоберфест во МинхенФотографија: dpa

Пивото е омилен пијалок во Германија, но многу луѓе овој напиток од јачменов слад го поистоветуваат со пијалокот на мажите од Баварија, кои носат кожни пантолони и зеленa платнена капа и кои со пиво ги служи крупна жена со престилка.

Доколку заминете во Баварија и конечно ги изустите зборовите „Еin Bier bitte“, кои долго време сте ги слушале на касетите за почетници по германски јазик, ќе добиете голема кригла светло пиво. Тоа нема да има ист вкус како стандардниот „Pilsner“ и затоа веројатно брзо ќе го испиете. Пивото во кригли е вообичаена глетка во германските пивници, но ретко ќе го најдете на местата северно од реката Мајна. Доколку пак барате нешто невообичаено, одете во Диселдорф. Градот на реката Рајна е единственото место каде што можете да нарачате „alt“. Тоа е темно и горчливо пиво и многу се бара во жешките летни денови.

Oktoberfest Bierkrüge
Кригли пивоФотографија: AP

Брендирано пиво

Спротивно на големата баварска кригла пиво е келнскaта ,,stange“ - висока, тенка чаша која собира 0,2 л. „Kölsch“. Доколку ова пиво го нарачате во Диселдорф, којшто се наоѓа само 25 километри северно од Келн, можно е да ги вознемирите вработените, кои не го сакаат светлото пиво од ривалскиот град.

Deutschland Bier Köln Kölsch
Пивница во КелнФотографија: picture-alliance / Bildagentur Huber

Една од поубавите традиции на пиење пиво во келнските пабови е тн. Köbes. Така се нарекуваат келнерите кои постојано ги заменуваат празните чаши од пиво со нови, и покрај тоа што гостите не го бараат тоа. По традиција, „Kölsch“ може да се нарача само доколку од пивниците се гледаат врвовите на келнската катедрала, која е висока 157 метри. Ова пиво е брендирана европска марка, како шампањот или коњакот.

Популарните миксови со пиво

Едно од германските најпопуларни пива не е стопроцентно пиво. „Berliner Weisse“ е омилен летен пијалок во германскиот главен град. Постојат две верзии: едната е со додавање на сируп од боровинка, а другата со сируп добиен од кора од шумско дрво.

Во лето, Германците обично уживаат во миксот од пиво и сода. „Radler“ или „Аlsterwasser“ се најпопуларните миксови, направени од половина доза пиво и половина доза Спрајт или Фанта. Мошне барани се и миксовите со кола. Но доколку сакате да го вкусите вистинското горчливо пиво, без додатоци, можете да нарачате „Bamberg`s rauchbier“, или димено пиво, направено од димен јачменов слад.

Bier
ПивоФотографија: Bilderbox

Доколку сакате нешто посилно, можете да го пробате пивото „Donnerbock“, (грмотевица), кое содржи 13 проценти алкохол.