1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Земјата станува претесна!

21 октомври 2010

Бројот на светското население, кој моментно изнесува околу 6,8 милијарди луѓе, според прoгнозите на Обединетите нации, до 2050 година ќе се искачи на 9 милијарди. Европа ќе биде единствен континент каде бројот ќе опаѓа.

https://p.dw.com/p/Pjie
Фотографија: dpa

Фондот за популација на Обединетите нации во Женева го објави Извештајот за светското население во кој се наведува дека до 2050 година, бројот на жители на Земјата ќе се искачи на 9 милијарди луѓе. Азија и натаму ќе биде континент со најголем број жители кој се проценува на околу 5,1 милијарди, а Европа ќе биде единствен континент чиј број на жители постепено ќе опаѓа во наредните четири декади.

Brasilien Megametropole Sao Paulo
Фотографија: picture-alliance/ ZB

Во извештајот, Фондот посветува особено внимание на сексуалното насилство врз жените за време на конфликти. Од таму укажуваат дека сексуалната злоупотреба на жените се` почесто се користи како инструмент за војна, а како пример го наведуваат конфликтот во Демкратска Република Конго, каде е нарушен континуитетот на семејно планирање. Фондот за популација потсети на резолуцијата 1325 од 2000 година со која Советот за безбедност побара заштита на жените од насилство при воени конфликти и повика на зголемување на бројот на жени во мировните мисии на Обединетите нации. Бројот на жени во мисиите, сепак, остана мал и моментално изнесува 2000 од вкупно 100000 војници.

Автор:ДС/БГ/епд

Редактор: Жана Ацеска