1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зимска ракометна бајка

29 јануари 2007

Во Германија деновиве се повеќе се зборува за зимска спортска бајка. Наспроти онаа летната , фудбалска , оваа зимската е ракометна . Германската репрезентација одлично настапува на Светското првенство на домашен терен и по вчерашната победа над Исланд , со 33 спрема 28 го освои првото место во осминафиналната група на шампионатот

https://p.dw.com/p/Aegp
Паскал Хенс, германски репрезентативец
Паскал Хенс, германски репрезентативецФотографија: AP

По почетните натпревари одиграни со променлива форма и успех и по поразот од Полска , Германија оствари четири победи едно подруго . Најзначајна беше онаа во саботата против силната репрезентација на европскиот првак Франција со 29 спрема 26 . Со неа домаќините предреме се пласираа во четвртфиналето а драматично ја засилија и самодовербата

“Да сензација е како репрезентацијата играше , како се бореше , како ги надмина сите проблеми. Сега ја достигнавме нашата прва цел-четвртфиналето и можеме да одиме натаму” – истакна по мечот со Франција сојузниот тренер Ханјре Бранд .

Во исто темпо германската репрезентација го одигра и вчерашниот меч со Исланд :

“Повторно бевме целосно мотивирани и сакавме стопроцентно да го добиеме натпреварот . Секако причината за тоа лежи во одбраната и силниот голман , поради кои стигнавме до многу лесни голови и ја конторлиравме играта ”-изјави по мечот организаторот на играта Михаел Краус .

Германија е прва во осминафиналната група, посакуваната зимска бајка полека се обистинува дури и за резервираниот сојузен трене Бранд :

Она што се случува на ова првенство е сензационално . За такво нешто може само да се сонува”

Викендов Германецот Михаел Урман ја прослави втората победа во карирата во скијачко скокање. 28 годишниот Баварец , на скокалницата во Оберсдорф со скокови од 140, 5 и 129 метри го остави зад себе водечкиот во светскиот куп , Андерс јакобсен од Норвешка. Ова е прва победа на еден германски ски скокач во Светскиот куп по цели три години:

“Веќе знаев дека можам подобро да скокнам отколку при последните резултати . Но воопшто не верував дека можам и да победам” – изјави Урман по победата во Оберсдорф.

Уште еден успех на Германија во зимските спортови . Андре Ланге и Кевин Куске ја освоија титулата светски првак во боб двоесед . На натпреварувањето во швајцарскиот Сент Мориц , германскиот двосед ги остави тимовите на Швајцарија и на Италија . Станува збор за шеста титула Светски шампион за Андре Ланге кој истотака е и двоен олимписки победник.

Од тенисот пак , швајцарецот Роже Федерер докажа дека е актуелен крал на овој спорт . Тој во супериорен стил го освои првиот Грен слем турнир годинава. Федерер со три спрема нула во сетови во финалето во Мелбурн го победи извонредниот чилеанец Фернандо Гонзалес , кому ова му беше прво Грен сем финале. 25 годишниот Федерер кому ова му беше десета гренд слем титула во кариерата , во негов стил џентлменски , причините за победата ги посочи во искуството и секако среќата :

Добро, верувам , дека тоа се должи на гоелмиот број турнирски победи , одиграни натпревари , на тоа што човек знае , што да направи во најважните моменти , како да одигра и каков удар да изведе. Потребна е понекогаш и малку среќа а денеска секако повторно имав среќа ” -истакна Федерер.