1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Златен јубилеј - 50 години Сојузна банка

1 август 2007

Првите бакноти на марката беа правени во САД. Првите „Мејд ин Џермани„ се појавија подоцна. Исто така, подоцна се појави една институција што и припаѓа на суверена држава: Сојузната банка.

https://p.dw.com/p/BMkX
Сојузната банка во ФранкфуртФотографија: Deutsche Bundesbank

Беше основана на 26 јули 1957 година, а почна да функционира неколку дена подоцна - на 1 август. Деновиве занчи, Сојузната банка го слави златниот јубилеј.

Оној што ќе копира пари, или ќе ги фалсификува и тие банкноти ќе ги пушти во промет, ќе биде казнет со затворска казна од минимум 5 години.

Оваа реченица се наоѓаше со мали букви на малите банкноти на марката. Дали тоа им остави впечаток на фалсификаторите? Веројатно не. Меѓутоа, таквата закана важеше уште долги години и тоа од добри причини. Зашто германската марка не беше какви и да се пари, и која и да е девиза. Таа беше многу повеќе:

„Стабилната Де-марка беше еден од елементарните столбови за стабилноста на општеството во слободната демократија. Без стабилна валута тешко ќе се развиваа самостојноста и сопствената одговорност„.

Германците горди на стабилната марка

100 Deutsche Mark
100 германски марки

Вака формулираше последниот претседател на Сојузната банка Ханс Титмајер во 1999 година. Тогаш Германците ја славеа 50-годишнината на својата марка и без мошне горди на стабилната валута што кога и да е ја имале. Тоа воопшто не беше случајно. По две светски војни, хипер-инфлацијата од 20-сеттите години и монетарната реформа, беа обезбедени потребните претпоставки: „Непосредно по монетарната реформа камерата покажува турканица на неделниот пазар и притоа опфаќа слики кои до неодамна можеа да се сонуваат: зеленчук во изобилство. Се свежо. Стока со најдобар квалитет. Се прашува за цената, се купува и се оди задоволен дома“, јавуваа новинарите во неделниот дневник.

Европските земји помалку завидни на Германија

Полните регали беа надворешниот знак за пресвртот во економската и монетарната политика. Во другите европски земји се чудеа на огромниот економски скок во Сојузната република и по малку беа завидни. Но, сето тоа произлезе од структурните решенија за парите на економското чудо во Западна Германија.

Повоените пари прво беа издавани од „Банката на германските покраини“. Сојузната република беше основана во 1949, а сојузниците посветуваа големо внимание на тоа новата држава и во банкарскиот систем да биде децентрализирана и федерално организирана.

Поука од Рајхсбанката

Пресвеж беше впечатокот што го остави Рајхсбанката од времето на царот. Таа од времето на формирањето во 1876 година беше одговорна за издавањето и чувањето на парите. Но, таа зависеше од упатствата на владата и нејзините политички потреби. Рајхсбанката дозволи да биде инструментализирана од лабилната политика, на пример кај рискантните кредити. Конечно, беше одговорна за геноцидот и агресивната војна во времето на нацизмот.

Inflation - 20er Jahre Weimarer Republik
20тите години пред Рајхсбанката во БерлинФотографија: dpa

Поучена од грешките, „Банката на германските покраини“ уште од 1951 година беше независна. Големо олеснување и за првиот претседател на банката Карл Бернард:„Ние не баравме независност на банката зашто бевме прехрабри или за престиж, туку бевме длабоко убедени дека монетарната политика треба да биде под неполитичка, непартиска и неутрална капа.“

Сојузната банка - независна

Така остана и кога Сојузната република кон средината на 50-сеттите години го поврати својот суверенитет. Постојано се раѓаа нови институции, меѓу нив и централната банка. Но...

„Во првите години имаше ситуации во кои политичарите и банката никако не беа единствени“, потврди подоцнежниот претседател на Сојузната банка, Карл Класен.

Сепак, конфликтите меѓу владата и банката беа и нормални, велеше Класен:„За жал така е кога за една стабилна валута се потребни и повремени мерки кои краткорочно наликуваат на многу тешки, а на политичарите им се чинат неповолни за повторен избор. Тогаш морате да ги убедувате дека и нивниот политички успех зависи од тоа колку е стабилна валутата. Мислам дека така ќе биде и во иднина.“

Grafik Deutsche Mark - ... und Tschüss!
Марката си замина - дојде еврото

Во иднина, всушност сега, Сојузната банка веќе не решава за висината на каматите или за паритетот на валутите. Германската марка е историја – се плаќа во евра. Сообразно со тоа, најголемиот број компетенции од пред неколку години и се префрлени на Европската централна банка. Тогашниот сојузен министер за финансии Тео Вајгел беше оптимист за еврото:

„Постојат сите претпоставки еврото да биде валута подеднакво стабилна како и германската марка. Ќе придонесе и за поголема стабилност на светските берзи и ќе му донесе корист на германското стопанство. Сигурен сум дека патот по кој одиме е исправен„.