1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Златната палма за француски филм

АТ/ миа/ дв 27 мај 2013

Во Кан заврши 66. издание на филмскиот фестивал. Златната палма годинава отиде во рацете на режисерот Абделатиф Кечиче за филмот „La vie d'Adèle“.

https://p.dw.com/p/18eQE
Фотографија: Reuters

Францускиот филм „La vie d'Adèle“ е добитник на Златната палма на 66. издание на Канскиот филмски фестивал. Жирито наградата му ја врачи на режисерот на филмот Абделатиф Кечиче но и на двете ѕвезди на филмот, Адел Ексарчопулос и Леи Сејду, кои му се придружија на сцената со извици на воодушевување од публиката. „Би сакал да го посветам овој филм на прекрасната младина на Франција која ја запознав додека го снимав филмот“, рече тој.

Филмот „La Vie D'Adele“ е интимна љубовна приказна меѓу две млади жени. Експлицитните сексуални сцени во филмот привлекоа најголемо внимание во медиумите, филмските критичари имаат само пофалби за приказната за растењето, созревањето и љубовната врска на двата главни ликови во филмот.

Cannes Filmfestival Filmstill La Vie D'Adele
Сцена од филмот „La Vie D'Adele“Фотографија: Festival de Cannes

Гранд при доби филмот „Inside Llewyn Davis“ на Џоел и Итан Коен. Награда од жири доби филмот „Soshite Chichi Ni Naru“ на Коре-Еда Хироказу. Наградата за најдобро сценарио ја доби Џи Цанке за остварувањето „Tian Zhu Ding“ кој понуди шокантен увид во корупцијата и експлоатација во Кина, додека најдобар режисер, според мислењето на жирито на фестивалот во Кан, Амат Ескаланте за филмот „Heli“.

Најдобра актерка е Беренис Бежо која ја игра Мари, разочарана сопруга, во филмот на Ашгар Фархади „Le Passe“, додека за најдобар актер е прогласен Брус Дирн за улогата на татко акохоличар кој верува дека освоил голема премија на лото во филмот „Nebraska“ на Александар Пејн.

Наградата за кус филм ја доби филмот „Safe“ на корејскиот режисер Мун Бјон Гона. Златна камера доби филмот „Ilo Ilo“ на Антони Чен, а специјална награда на жирито освоија филмовите „Inside Llewyn Davis“ и „Like Father, Like Son“.

На годинешното издание на Канскиот филмски фестивал во натпреварувачкиот дел конкурираа 20 филмови.