1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Златна зора поднесе барање за преименување

ЕМФ/миа4 февруари 2014

Партијата Златна зора поднесе барање до Врховниот суд на Грција за преименување во Национална зора. Барањето, пропратено со нов партиски Статут, е потпишано од кандидат на партијата за европратеник, Михалис Јанонгонас.

https://p.dw.com/p/1B2I3
Логото на Златна зора над влезната врата во партиските простории во АтинаФотографија: dpa/Art of Focus

Во саботата (1.02) пратеникот на неонацистичката партија во грчкиот Парламент, Илијас Касидијарис соопшти дека сѐ е подговено за регистрирање на нова политичка формација под името Национална зора, доколку Врховниот суд донесе одлука за забрана на Златна зора.

Грчките медиуми коментираат дека со иницијативата за регистрирање на нова партија, Златна зора сака да си обезбеди учество на мајските избори за членови на Европскиот парламент и за органите на локалните власти, во случај да биде донесена одлука за нејзина забрана.

Лидерот и петмина пратеници на Златна зора се наоѓаат во притвор под обвинение за злосторничко здружување, а во тек е истрага која треба да утврди дали партијата е „криминална организација“.

Но, и покрај ваквата кампања на властите против Златна зора, партијата и натаму е трета по популарност во Грција и според последните анкети на јавното мислење ужива поддршка на меѓу 8,9 и 10,3 проценти од избирачите.