1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Златна мечка за филм од Кина

АТ/ дпа/ афп16 февруари 2014

Кинескиот крими-трилер „Bai Ri Yan Huo“ (Црн јаглен, тенок мраз) на Џинан Диао е големиот победник на Берлиналето. Тој ја доби Златната мечка за најдобар филм. Награден беше и за главна машка улога.

https://p.dw.com/p/1B9wm
Фотографија: Berlinale

Детективската приказна на режисерот Џинан Диао снимена во северна кинеска провинција е победникот на берлинскиот филмски фестивал, во конкуренција од 20 филмови во натпреварувачката категорија. Филмот и расветлувањето на повеќе брутални убиства е мрачен сплет од љубов, омраза и сексуална побуда во едно општество без морал. Во главната машка улога актерот Фан Лиао (на насловната фотографија) исто така беше награден со Сребрена мечка.

За најдобра актерка на Белриналето е избрана Хару Куроки. 23- годишната Јапонка глуми домашна помошничка во драмата „Chiisai Ouchi“ (Малата куќа) на Јоџи Јамада. Филмовите од Азија оваа година освоија четири од вкупно осумте Мечки при доделувањето наградите.

Сребрена мечка во категоријата најдобро сценарио му беше доделена на филм од Германија. Сестрата и братот Ана и Дитрих Бригеман ја примија наградата за филмот „Kreuzweg“ (Крстопат). Нивниот филм раскажува за 14- годишно девојче, кое се крши поради својата строга католичка вера. Филмот беше еден од четирите германски конкуренти во натпреварувачката категорија на фестивалот. „Крстопат“ ја доби и наградата на екуменското жири.

Berlinale Preisverleihung Goldener Bär 2014 Berlin Silberner Bär Bestes Drehbuch
Ана и Дитрих БригеманФотографија: Reuters

Со Сребрена мечка за најдобра режија е награден Американецот Ричард Линклејтер за драмата „Boyhood“.

Сребрената мечка за најдобра камера му беше доделена на Кинезот Џијан Ценг. Наградата ја доби за неговата работа на драмата „Tui Na“ (Слепа масажа) на Је Лоу.

Во четвртокот британскиот режисер Кен Лоуч ја доби почесната Златна мечка за животно дело.

Берлиналето завршува денеска (16.02) со ден на публиката. На филмскиот фестивал кој беше отворен на 6. февруари беа прикажани повеќе од 400 филмови од 21 земја.