1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Златото во златни води

20 април 2011

Цената на златото денеска достигна рекордно ниво, една унца вреди како никогаш досега. Но, златото не е единствениот благороден метал, што има зголемена вредност. На што се должи ваквиот тренд на пазарите?

https://p.dw.com/p/10xw2
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Загриженоста од инфлација, должничката криза и немирите во арапскиот свет придонесоа цената на златото денеска (20.04.2011) да се искачи над границата од 1.500 долари по унца (околу 31 грам). Со ова златото достигна цена како никогаш досега. Покрај овој благороден метал, денеска и цената на среброто постигна нов ценовен рекорд во последните 31 година. Една унца сребро денеска чинеше и до 44,36 долари. Рекордната цена на среброто е речиси 50 долари, а беше достигната по шпекулациите во 1980 година.

Од почетокот на годинава цената на златото се зголеми за 180 долари односно речиси 14 проценти. Цената на среброто бележи уште посилен нагорен тренд. Од јануари, цената на среброто се зголеми за 17 долари односно за 60 проценти. Според експертите ваквиот тренд се должи на засилената побарувачка од индустријата, која го употребува среброто за производи во електрониката.

Gold-fakten Flash-Galerie
Фотографија: Fotolia/Gina Sanders

Причина на рекордните цени на пазарот за благородни метали, според експертите е зголемената несигурност меѓу вложувачите. Зголемената инфлација ширум светот придонесува многу инвеститори да побегнат во „наводно помирните води“ односно да вложуваат во злато и сребро. Дополнителна несигурност влева и долготрајната европска должничка криза, а во фокусот влегува и колебањето околу кредитоспосноста на САД. Освен овие фактори експерите наведуваат и дека немирите во арпскиот свет се одразуваат и врз финансиските пазари.

Автор: АТ/ ЖА/ дпа

Редактор: Симе Недевски