1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЗЛАТО

10 март 2004
https://p.dw.com/p/AeRp
Кога ќе се спомне поимот злато, кај секого од нас се разбудуваат различни асоцијации, но најчесто чувство за богатство и економска сигурност за оној што го има. "Да имам доволно ќе правам што сакам" би била наједноставната констатација. Други ќе се потсетат на "Златното руно", на Клеопатра, на Џек Лондон, на Џемс Бонд, на филмот "Умри машки трет дел" каде што токму се крадат светските резреви на злато во федералниот американски трезор во Њујорк кој ќе биде спомнат и во оваа сторија. Златото е благороден метал, но таков околу кој се плетат митови со векови. Скапо е зашто го има во мали количества и најголемиот дел не се наоѓа во венчалните прстени или во накитот, туку во трезорите на националните банки и тоа од времето кога валутите, пред се американскиот долар, беа покривани со златото во централните банки. Од пропаѓањето на бретонвудскиот систем во 1973 година тоа му припаѓа на минатото. Освен во времиња на пораст на цената на златото, овој благороден метал на државите не им носи добивка, па централните банки кои не го продаваат своето злато, го евидентираат како чиновничка добивка. Од тие причини 15-те најважни централни банки на западниот свет, според еден договор од 1999 година можат да продаваат дел од нивните златни резерви. Во Европа, централната банка на Унијата и 14-те национални банки според новиот договор што ќе стапи во сила на 27 септември годинава, ќе можат да продаваат повеќе злато отколку досега. Според овој договор кој има рок од 5 години, тие ќе можат да продаваат 500 тони тони злато годишно, или вкупно две илјади и 500 тони. Кога ќе стапи во сила новиот договор и германската сојузна банка има намера да посребри дел од своето злато. Ако се суди според нејзиниот шеф Ернст Витеке, приходот од продажбата нема да се слее во сојузниот буџет, туку во фондацијата за поддршка на образобванието и науката.
Германското златно богатство се проценува на 275 илјади бари. Еден бар има форма на цигла. Долг е 25, широк 8 и висок три сантиметри и тежи 12 ипол килограми. Врз него освен печат има и натпис:"Фино злато 999,9". Тоа значи дека станува збор за разлика меѓу легурите кои се прават, на пример, за накит, и за чисто злато. Секој од овие 275 илјади бари во моментов чини повеќе од 140 илјади евра. Вкупно германските златни резерви, вторите во целиот свет, имаат вредност од околу 46 милијарди евра. Само помал дел од нив се наоѓаат во трезорите на германската сојузна банка во нејзините подруми во Франфурт на Мајна. Најголемиот дел е лагеруван во Њујорк под покривот на подрумите на банката за федерални резерви. Причината за лагерувањето таму е историја. Имено порано кога златото требало да се префрли од една во друга централна банка, тоа вистина се правело со мали рачни колички од еден подрум на њујоршката банка во подрумот на друга национална банка. Денес се регистрираат само новите сопственички односи. Златото останува каде што е лагерувано. Овој систем на пример, не му се допаѓаше на францускиот претседател Шарл де Гол, па во седумдесеттите години го стави француското злато во една, се разбира француска атомска подморница и го префрли од Америка во Франција. Освен зголемувањето на цените кои можат да се забалежат во последниве месеци, златото за централните банки е мртов капитал - не носи никакви камати. Но, многу внимателно се разделуваат од него. Ако на пример Германската сојузна банка сака да оствари добивка од скоро 40 милијарди евра, тогаш ќе мора сосема да се раздели од своите девизни резерви. Но, таквата добивка вистински нема да ја има, туку ќе дојде до тотален крах на пазарот со злато. Имено, цената на златото е толку висока зашто се продава и се купува само мал дел злато - во светот годишно не повеќе од 4 илјади тони при годишно производство на рудниците за злато од две ипол илјади тони. Според тоа оној што сака да продаде поголеми количества злато треба да внимава да не го преплави пазарот. Во секој случај сите внимаваат, особено производителите на злато кои не само што продаваат, туку купуваат за да не се дозволи паѓање на цената на златото. Златото што се продава се мери во унци, или 31,1 грам и според досегашниот договор, една унца чинеше 240 долари, но таа порасна на 420 долари. Германската банка за следниот договор најави контингент за продажба меѓу 120 до 150 тони годишно кои сака да ги проддаде по добра цена, но ако таа е лоша не мора тоа да го направи. Претседателот на германската сојузна банка Ернст Витеке очекува убава екстра добивка, но нема да ја внесе во сојузниот буџет. Според законската независност тој има силна позиција и министерот за финансии не може да го принуди да продава злато. Оттаму Витеке има намера добивката од прдажбата да ја вложи во фондацијата за поддршка на образованието и науката.