1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Злоупотребата на визната либерализација е прашање на одговорност

АМ/миа15 октомври 2012

Европската комисија се надева дека Македонија ќе добие датум за преговори во декември и оти истовремено нема да ја загуби визната либерализација. Комисијата ќе работи со грчката и македонската страна за договор за името.

https://p.dw.com/p/16QAA
Фотографија: MIA

Стефано Санино генералниот директор на Генералниот директорат за проширување смета дека една од најголемите придобивки на ЕУ е успехот визната либерализација да биде применета со сите земји од регионот. Тој нагласи - тоа да не се злоупотребува.

„Внимателно го следиме применувањето на визната либерализација. Постои детерминираност да ги држиме вратите отворени и системот да функционира. Но, мора да бидеме сигурни дека тој не се злоупотребува. Ако системот суштествено се злоупотребува, тогаш постои ризик. Прашање е на одговорност и сите треба да имаме свој удел“, рече Санино.

Тој денеска имаше средба со македонската вицепремиерка за европски прашања Теута Арифи. Таа укажа на ангажираноста на Владата во справување со злоупотребите на визната либерализација.

„Како и секоја година, ние остануваме ангажирани да има минимиум злоупотреби на визната либерализација. Ќе се придржуваме до истите активности“, рече Арифи.

Symbolbild Visum Schengener Staaten
Фотографија: katatonia/Fotolia

Надеж за датум за преговори

Стефано Санино се надева дека Советот на ЕУ во декември ќе донесе одлука Македонија да мине во следната фаза од евроинтеграцијата, како што препорача Европската комисија.

„Состанокот на Европскиот совет е во декември и се надеваме дека ќе биде донесена одлука за продолжување на односите со ЕУ. Се надеваме, како што истакна и комесарот Филе, дека јазикот нема да биде статичен и повторување на фактот во однос на препораката на ЕК, туку дека навистина ќе поминеме во следна фаза од односите. Ова бара да ги удвоиме нашите заеднички напори со цел да бидеме сигурни дека до декември ќе имаме позитивна препорака од Советот“, рече Санино. 

Санино се осврна и на преговорите за името и предлог-рамката за негово решавање во рана фаза од пристапните преговори.

„Прашањето на добрососедските односи е клучно во овој процес и ние секогаш го подвлекуваме тоа. Веруваме, а тоа го нагласивме и во Извештајот за напредокот, дека пристапниот процес ќе го олесни процесот на решавање на спорот за името. Ќе продолжиме да работите заедно со македонските, а исто така и со грчките власти за да се осигураме дека тоа ќе доведе до резултати што ги посакуваме“, рече Санино. 

Санино и Арифи денеска осврнале на Извештајот на ЕК, особено на препораките кои треба да бидат прифатени со цел да се продолжи со исто темпо на реформи.