1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Знаењето е моќ: за значењето на образованието

Уте Шефер8 мај 2012

Образованието значи повеќе од едноставно учење. Тоа овозможува луѓето да се развијат како личности и да станат политички активни. Тоа не е секогаш во интерес на владетелите, пишува главната уредничка на ДВ Уте Шефер

https://p.dw.com/p/14rq1
Фотографија: AP

Знаењето е моќ- оваа поговорка стара најмалку четири века, формулирана од англискиот филозоф Франсис Бекон за време на Просветителството, ни денес нема загубено ништо од своето значење. Знаењето е сила, а образованието е основен предуслов за политички развој, демократија и социјална правда. Тоа може секојдневно да се забележи во светот, но можеби најпрецизно во поновата историја, со Арапската пролет која започна во Тунис пред 18 месеци.

Токму образованите и средната класа ги започнаа протестите, особено младите меѓу нив: оние на возраст од 20 до 35 години, најчесто студенти или академци, кои се почувствуваа изневерени од режимот и без никаква перспектива. Од Рабат до Ријад тоа беа луѓето кои се бореа- доктори, инженери, новинари- за повеќе слобода, учество, пристап до пазарот на трудот, и особено, за пристап до нови перспективи.

Нивната битка е далеку од завршена. Првиот чекор е обезбедување на фундаментот на протестите, а тоа се демократски институции и право на глас.

Образованието овластува и обезбедува поголемо учество. Ова се нештата кои арапските властодршци веројатно ги потценија. Без одлучната експанзија на училишниот и универзитетскиот систем во арапските држави во последните 20 години, демократските движења веројатно немаше да бидат можни.

Arabellion Arabische Revolution Arabischer Frühling Symbolbild Malerie Karikatur
Борбата за повеќе слобода во арапскиот свет е далеку од готоваФотографија: picture-alliance/dpa

Основно човеково право

Нема развој без образование. Светската заедница одамна го прифати овој факт и разви јасни политички барања и свест за тоа прашање. Вторите Милениумски развојни цели утврдени од ОН јасно наведуваат дека сите луѓе треба да имаат пристап до основно образование. Во меѓувреме забележан е напредок, иако бавен и нерамномерен. Процентот на деца кои одат на училиште од 1999. до 2009 година се зголеми за седум проценти, и сега изнесува 89 проценти. Неодамна темпото се забави. Во Африка и Азија многу региони нема да успеат да ги остварат Милениумските цели до 2015. година. Особено погодени се децата во руралните и конфликтните региони, а девојчињата се соочуваат со посебни потешкотии. Останува уште многу да се стори.

Нема развој без образование

Двете најбрзорастечки економии во Азија, Кина и Индија покажуваат дека развојот има јасни економски предности. Уште еден пример: Јужна Кореја во 50-те години од минатиот век беше во полоша состојба од мнозинството африкански земји денес. Инвестициите во еднаков пристап за мажите и жените, заедно со подобрувањето во здравствената и социјалната заштита доведоа до економски бум.

Kinder Jugendliche China Asien Computer Computersucht Schule
Образованието ги дефинира животите на многу млади КинезиФотографија: picture-alliance/dpa

Извонредно брзиот развој на кинеската економија сугерира дека постои вистинска глад за образование, и речиси секој Кинез под 25 годишна возраст во образованието гледа клуч. Сепак, Кина во истовреме е и пример дека се уште постојат режими кои промовираат образование без да понудат повеќе слобода. Прашање е до кога ќе функционираат ваквите модели?

На долг рок, ниту еден нелегитимен режим нема да успее да се одржува на власт со добро- образувано мнозинство. Кога ќе се изгради такво население, се отвора можноста за поголемо учество и демократски промени.