1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Знак на солидарност со Авганистан

3 ноември 2007

Германската канцеларка Ангела Меркел при ненадејната посета на Авганистан на тамошната влада и вети поголема помош за обуката на силите на безбедноста .

https://p.dw.com/p/C0h8
Пријателска средба:Меркел и КарзаиФотографија: AP

Ненајавената посета на Кабул е во знакот на силни сигурносни мерки .На програмата се пред се политички разговори и оние кои се однесуваат на безбедносната ситуација на земјата,во нив е вклучен и ополномоштеникот на ОН Том Кенигс,новиот шеф на полициската мисија од ЕУ,Шолц и командантот на заштитните трупи ИСАФ,генерал Мек Нил.Се разбира,најзначајна беше средбата со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи,кому Меркел му вети:

„Германија го поддржува Авганистан со цело срце и со сета сила.“

Поголеми напори за обнова на Авганистан

Централната порака на канцеларката:Авганистан мора посилно самиот да го доминира обновувањето на земјата.Цел на германската политика е Авганистан чекор по чекор да стигне до состојба да ја земе сопствената судбина во свои раце.Во тој правец покрај развојната помош спаѓа и воената мисија и обуката на полицијата.Во моментов околу 40 германски полицајци се на служба во европската полициска мисија Еупол.Премалку,едногласни се одамна експертите и авганистанската влада.Меркел потенцираше:во подготовката на полицијата,Германија треба да ги зајакне напорите:

„Ние уште еднаш ќе провериме дали во рамките на буџетските советувања можеме да направиме уште нешто.Обуката на полицијата е централно прашањепреку кои луѓето во Авганистан ќе можат да почувствуваат дали живеат во држава која се грижи за безбедноста.“

Merkel in Afghanistan
Безбедноста-заедничка целФотографија: AP

Авганистан очекува поголема поддршка

Ова Хамид Карзаи радо го чу,неговата влада одамна бара поголема поддршка во обновата на земјата,пред се за армијата и полицијата:

„Меѓународната заедница и Авганистан мораат заеднички да ги подобрат можностите на авганистанските сили за безбедност,преку поголем тренинг и опрема.“

Тема повторно беше и германскиот удел во военото меѓународно присуство во Авганистан.Пред три недели Бундестагот го продолжи мандатот на германскиот ангажман во ИСАФ од 3 илјади војници на уште една година,а следната недела ќе дискутира дали Берлин и натаму ќе ја поддржува од САД предводената анти терористичка мисија ОЕФ,за што се претпоставува дека ќе има мнозинство.

Инаку,во последно време Меркел беше критикувана што и по две години од нејзиниот мандат не најде време да го посети Авганстан.