1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЗНМ бара подолга јавна расправа за Законот за медиуми

СН/макфакс13 април 2013

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) упати повик до македонската влада за продолжување на рокот за јавна расправа за Нацрт законот за медиуми.

https://p.dw.com/p/18FPy
Фотографија: MAKFAX

Здружението останува на ставот дека нема да ги продолжи преговорите со Владата се‘ додека не се расчисти инцидентот што се случи на 24 декември во Собранието, кога новинарите беа исфрлени од собраниската галерија.

„Нашиот став дека не седнуваме на маса со владата за преговори се‘ додека не се расчисти инцидентот, не значи дека ние не сме заинтересирани за Законот за медиуми којшто владата сака да го донесе во кратки рокови и без јавна дебата. Забележувате дека јас до сега и во моето излагање не зборувам за содржината на законот, намерно тоа го правам, затоа што очекуваме Владата да излезе, да каже дали ги прифаќа нашите барања. Имаме некои навестувања дека рокот ќе се продолжи, но знаете, суета е во прашање, малку ќе треба да чекаат да и‘ објават на јавноста дека дебатата ќе се продолжи“, рече претседателот на ЗНМ, Насер Селмани на годишното редовно Собрание на ЗНМ, на кое се водеше дебата за настаните од 24 декември и Нацрт законот за медиуми.