1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто авионот на Бали наместо на писта слета во море?

ЕМФ/ртр13 април 2013

Катастрофата беше избегната за влакно - сите 108 патници во Боингот 737 што денеска падна во морето кај Бали ја преживеаја несреќата. Авионот е преполовен, а повредени се 40 луѓе.

https://p.dw.com/p/18FQ5
Фотографија: picture alliance/dpa

Авионот на авиокомпанијата за евтини летови Лајон Ер од Индонезија денеска (13.04) ја промаши пистата на Бали и заврши во морето. Сите 101 патник и седумтемина членови на екипажот се спасени. Притоа, 40 луѓе имаат повреди, како скршеници на коски и рани на главата. Сепак, според наводи на вработени во локалната болница, само четири лица морале да останат на болничко лекување.

Боинго 737-800, кој во употреба е од март, тргнал од Бандунг, на Јава, во насока на Бали. Пистата на Бали, и на почетокот и на крајот, граничи со морето. Патничката Тантри Видиастути за локалната телевизија Метро изјави дека немало никакви знаци за проблеми. „Одеднаш авионот заврши во вода“, изјави  60-годишната патничка, која имала среќа да помине со само неколку исекотини. Сите патници потоа многу бргу го напуштиле авионот, кој при падот во водата се преполовил.

Bali Indonesien Lion Air Flugzeugunglück
Речиси половина од патниците се повредениФотографија: SONNY TUMBELAKA/AFP/Getty Images

Лајон Ер е најголемата авиокомпанија за евтини летови на Индонезија. Нејзините авиони се од типот Боинг и Ербас. Според наводи на мрежата за безбедност на летање, Aviation Safety Network, од 2002 година до сега шест авиони на Лајон Ер имале несреќа, од кои четири авиони биле Боинг 737. Само во една од несреќите има и човечки жртви.