1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто бугарски полицајци патролираат во Дортмунд?

А.Ретих/ Зоран Јордановски30 декември 2013

Во германскиот град Дортмунд се множат проблемите со криминално настроените доселеници од Бугарија. За подобро справување со нив сега заедно со германските полицајци во градот патролираат и чувари на редот од Бугарија.

https://p.dw.com/p/1AZST
Фотографија: DW/B. Mihaylova

Во северниот дел на Дортмунд, каде патролираат Детлеф Рат и Димитар Димитров, живеат 1700 економски мигранти од Бугарија, меѓу нив и криминалци. За да им влезат во трагата, германските и бугарските полицајци настапуваат здружено.

„Од претходни информаци знаевме дека тука престојуваат многумина бугарски граѓани од ромска народност, кои се занимаваат со дејности што не се сосем законски“, вели Димитров.

Тие заеднички патролираат две недели, во цивилна облека и без оружје. За германските колеги ова е можност да го запознаат тоа милје.

„Очекуваме да добиеме сознанија за проституцијата, за работниците надничари и за џебни кражби, разменуваме информации или сознанија за одредени лица и за структури, за во тие области да напредуваме .“, Детлеф Рат, раководител на полициска станица Дортмунд север.

Kafe Plowdiw in Dortmund
Фотографија: DW/B. Mihaylova

Бегалците и проблемите со нив го уназадуваат северниот дел на Дортмунд, сметаат многумина жители. Меѓу нив е и Нуман Шихироглу, трговец на мало: „Главни проблеми овде се трговијата со дроги, проституцијата - иако тоа вака директно не се гледа но е присутно, потоа сметот расфрлан по улиците; се’ заедно.“ Една негова муштерика пак вели: „Проблем е отсуството на социјални и општетствени правила, оти едноставно не се почитуваат, а нема ни согласност околу тоа.“

Во 2011. година кризата достигна кулминација. Стануваше збор за куќи затрупани со смет во многу улици, за 700 улични проститутки од Бугарија, малтретирани од макроа и од криминалци. Градот го прогласи тој кварт за забранета зона. Но, Бугарките и натаму си ја бркаат работата - тајно, во станбени објекти. За жените се грижи една социјална работничка, Оља Крехар: „Полицијата тие многу често ја доживуваат како нешто застрашувачко, како нешто од што треба да се криеш.“

Заедничката патрола треба да ја подотвори вратата за полицијата. Но, за решение на проблемот мора да се погрижат политичарите.