1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто германските инвеститори се незаинтересирани за Македонија?

16 јуни 2011

Пет години по последната конференција за стопанството на Балканот чие мото беше „Преку стабилност - до пораст во регионот“ во Берлин повторно се дискутираше за јакнењето на соработката и надминување на границите.

https://p.dw.com/p/11b1w
БерлинФотографија: AP

На дводневната конференцијата за стопанството на Балканот што се одржува во Берлин и на која присуствуваат бројни потенцијални германски инвеститори, за своите земји лобираа вицепремиери и министри од сите балкански држави со исклучок на Македонија. Затоа и не треба да зачудува незаинтересираноста на германските финансиери.

Не треба само дома да се прават ворк шопови и инвестициони кампањи туку треба да се биде онаму каде се инвесторите. Во Македонија и регионот мора да се сфати дека германските инвеститори се главно семејни средни претпијартија. На Балканот се типува на фирми со големи имиња и вистинските се пропуштаат... Затоа сметам дека задолжените за странските инвестиции, треба да го најдат патот до вистинските фирми во Штутгарт или Минхен, сеедно...“, коментира за Дојче Веле, Хелге Толксдорф,раководител на Одделот за проширувањето на ЕУ во Сојузното министерство за економија и технологија.
Според германските експерти во Македонија потенцијал се хидроцентралите, тексилното лон-производство, експлоатацијата на бакар и злато и изградбата на автопат. Ризик е кавгата со Грција, малата куповна моќ и високата невработеност.
Во наредните години таму очекувам значително поголем ангажман. Во моментов како инвестициони сфери можам да ги идентификувам земјоделските производи, како и многу услужни дејности кои таму ги нема, а кај нас веќе функционираат“, забележува и Ханс Хајнрих Дрифтман, претседател на Германската индустриска и трговска комора.

Членството во ЕУ е решавачки сигнал

Предолго говоревме за потенцијалите. Сега мора да говориме за реални проекти!“, вели за Дојче веле проф. Рајнер Линднер, прв човек на Комисијата за Истокот на Германското стопанство според кого дводневната средба на германските инвеститори и водечките политичари од балканските држави се вистинска шанса - и за двете страни. Особено сега кога светската финансиска криза е на одминување и кога Западниот Балкан политички е стабилизиран и чекори кон ЕУ.

За претпријатијата решавачки е сигналот за членството во ЕУ. Стопанствениците не се политичари. Тие ги вреднуваат своите инвестиции преку шансите и ризиците кои ги има една земја или опкружувањето. Затоа политичкото доближување до ЕУ носи голема доза на сигурност“, кажува и Хелге Толксдорф од Сојузното министерство за економија и технологија.
Оттаму се очекува членството на Хрватска во ЕУ да предизвика „домино“ ефект за земјите од регионот по однос на економската стабилност и зголемување на инвестициите. Линднер смета дека има подобрување на рамковните услови за инвестирање, но сепак недоволно.Според него потребни се подобрувања во однос на купувањето земјиште, во неговото долгорочно поседување. Вложувачите мора да имаат гаранции за инвестициите. Сакаат судови кои ќе овозможат нормални процеси во случај на штети. Мора уште да се работи на елиминирање на корупцијата која е тема во сите земји од регионот.
Deutschland Wirtschaft Autoindustrie Beschäftigung
Малите и средни германски претпријатија се вистинските потенцијални инвеститори за Македонија и за регионотФотографија: AP
Шанси и ризици
Со оглед што безмалку половината од десетте земји од регионот се мали, експертите сметаат дека тука се потребни регионални инвестиции. И тоа главно во инфраструктурата за автопати, аеродроми и енергетски комплекси. Уште еден проблем на германските инвеститори е што на Балканот големите проекти главно ги добиваат ефтини понудувачи од Кина. Инаку потенцијалните инвеститори имаат јасна слика за шансите и ризиците во секоја земја одделно.
И покрај многу сличности, шансите и ризиците за секоја од земјите се индивидуални. Во Србија профит би донеле автомобилската и прехрамбената индустрија. Ризик е односот спрема Косово, лошата инфраструктура и корупцијата која е темна точка и во Албанија и Молдавија. Во Црна Гора инвестициите би оделе во туризморт, модернизирање на автопатоти и железничката врска Бар-Белград. Ризик е високата зависност од странски инвестиции и малиот пазар што е болка и на Косово. Босна и Херцеговина е ризична поради децентрализираните институции и неефикасната админситрација и судство од кои боледуваат и Бугарија и Романија иако се дел од ЕУ.
Автор: Силвера Падори-Кленке
Редактор: Симе Недевски