1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто е спорен безвизниот режим за Македонија и за Србија?

СН/МС/БГ/велт/вп/нцц11 октомври 2012

Барањето за ставање вон сила на безвизниот режим за државјаните на Србија и на Македонија е тема со која се занимава германскиот дневен печат. „Непотребно кревање прашина“, е основниот тон во текстот на „Вестфаленпост“.

https://p.dw.com/p/16NpF
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Барањето на министерот на внатрешни работи на германската сојузна покраина Хесен, Борис Рајн кој од владата во Берлин побара веднаш да се укине безвизниот режим за државјаните на Србија и Македонија, поради злоупотребување на правото на азил, наиде на критика“, пишува весникот „ Велт“.
„Советот за бегалци на германската покраина на Рајн му префрла за ширење на популистичко расположение против барателите на азил. Председателот на Советот за бегалци Тимо Шеренберг кажува дека Ромите во Србија и во Македонија се на маргините на општеството и дека над нив се врши дискриминација. „Бараме од министрот во иднина таквите популистички изјави да ги изостави“, кажува Шеренберг. Во писмото упатено на министрот за внатрешни работи на Германија Ханс-Петер Фридрих.

Фридрих на Рајн покрај останатото му наведе дека од воведувањето на визната либерализација 2009. година, бројот за барања на азил, особено од ромската популација од Србија и од Македонија ’драматично пораснал’. Тој смета дека поднесувачите на барање на азил во Србија и во Македонија не не се изложени на никакво прогонство, кое би било релевантно за азил, туку дека поради економски причини доаѓаат во Хесен. Бројот на лица кои во Хесен барале азил во септември пораснал за 80 проценти во однос на август. Само во првите 9 дена на октомври се рагистрирани 330 нови баратели на азил“, наведува „Велт“.

Непотребно кревање прашина

Symbolbild deutsche Presse Presseschau
Фотографија: picture-alliance/dpa

Весникот „Вестфаленпост“ исто така се занимава со лицата кои во Германија бараат азил. „Ситуацијата не е ниту драматична, ниту експлозивна. Од јануари до август годинава во Германија стигнаа 40.200 лица кои бараат азил. Тоа е 25% повеќе во однос на минатата година. За споредба: во 1992. година во Германија прибежиште побарале 450.000 луѓе. Покрај поголемиот број лица од Блискиот исток, кои сигурен дом по избувнувањето на немирите 2010. година побарале во Германија, забележан е зголемен број баратели на азил од Македонија. Тој број во август тројно се зголемил. Бројот на баратели на азил од Србија исто така значително се зголемил. Нивните шанси да добијат азил се еднакви на нула. Германија стана поактивна откако Сојузниот уставен суд донесе пресуда за изедначување на сумата која ја добиваат барателите на азил со износот на социјалната помош. Во секој случај не смее да се заборави дека младите луѓе во времето на недостаток на стручна работна сила можат да бидат вистинско богатство, секако, ако добро се интегрираат“, пишува весникот „Вестфаленпост“.

Парламентарните избори во Црна Гора

Весникот „Ное Цирихер Цајтунг“ во меѓународното издание (11.10) се занимава со претстојните избори во Црна Гора. „Демократската Партија на Социјалистите од почетокот на деведесетите години од минатиот век управува во Црна Гора како приватен претприемач. Без оглед на се поголемото незадоволство на јавноста, крај на нетранспарентното водство не е на повидок, исто така ни по парламентарните избори кои се одржуваат во недела (14.10). Зашто е тешко во Црна Гора да се смени владата? „Централната причина е поделеноста и франгментираноста на опозицијата“, смета новинарот од весникот „Ное Циришер Цајтунг“.