1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто САД и‘ прогледуваат низ прсти на Кина?

11 јануари 2012

Американскиот министер за финансии Тимоти Гајтнер оваа недела патува во Пекинг. Неговата критика на кинеската монетарна политика може да биде подипломатска од порано, зашто на САД им е потребна Кина и на друг план.

https://p.dw.com/p/13gwG
Тимоти Гајтнер патува во ПекингФотографија: picture alliance/dpa

Можеби ова ќе биде последна можност без жестење да се дискутира за стопанските проблеми кои ги имаат меѓусебно двете најголеми светски економии. Денеска американскиот министер за финансии Тимоти Гајтнер патува во Пекинг, каде меѓудругото ќе се сретне со премиерот Вен Џаибао, по што патува во Јапонија. Како и при посетата на Пекинг, ќе се разговара околу кинеската валута, која според САД, се држи под нејзината вредност. Тема ќе биде и трговскиот дефицит: со години Кина заработува од заедничката трговија, додека САД трпат загуби. Но, во заднината овојпат е друга тема. Откако раководството во Техеран објавува нов напредок во развојот на својата атомска програма, САД ја притискаат Кина да се приклучи на ембаргото кон исламската република.

Symbolbild Emissionen
На кинеската индустрија и‘ треба иранската нафтаФотографија: picture-alliance/ dpa

Тајно ембарго

Кина е најголемиот увозник на иранска сурова нафта, следуваат ЕУ и Јапонија. Додека Европа веќе најави дека нема веќе да купува иранска нафта, а Токио сигнализираше подготвеност, Кина се противи на заострување на санкциите.

„Кина не верува дека санкциите се вистински пат за попуштање на тензиите и решавање на проблемот со иранската атомска програма“, соопшти портпарол на министерството за надворешни работи минатата недела. Она што тој не кажа: Кина увозот минатите месеци го намали на половина, а ова делумно ембарго тукушто го продолжи на уште еден месец.

Вашингтон знае да ја цени оваа тивка соработка. Американското министерство за финансии минатата недела се воздржа да ја рангира Кина како „монетарен манипулатор“. Секое полугодие министерството за финансии објавува извештај во врска со меѓународниот монетарен пазар и постојано во воздух виси прашањето- како ќе биде оценета Кина?

Закани со трговски санкции

Мнозинството Американци се недвојбено убедени во издејствуваните погодности за Кина преку ниската вредност на јуанот. Во извештајот позитивно се вреднува порастот на вредноста на јуанот во последните месеци. Сепак, според американските експерти, јуанот и натаму е далеку под пазарната вредност. Петерсоновиот институт за меѓународна економија од Вашингтон проценува дека јуанот е држен се‘ уште 24 проценти под неговата вредност. Сепак, американското министерство за финансии ја поштеди Кина од санкции во последните години. На Пекинг официјално му беше припишано манипулирање со валутата во 1994-та година. Етикетата би ја принудила американската влада да започне официјални преговори со Кина околу менувачкиот курс и да воведе казнени царини. За Вашингтон тоа би било ризично, зашто Кина е истовремено и најголемиот доверител на САД. Пекинг има инвестирано околу 1,1 илјади милијарди долари во американски државни обврзници.

Aufwertung Währung China
САД бараат пазарно вреднување на кинеската валутаФотографија: AP

На политиката на тивка дипломатија од страна на Вашингтон сепак може да и‘ дојде крај. Со претстојната изборна кампања расте и притисокот врз владата да покаже заби на Пекинг. Републиканецот Мит Ромни, на кого му се даваат најголеми шанси за претседателска кандидатура, веќе се заканува со санкции, тој Кина официјално би ја прогласил за манипулатор во монетарната политика.

Сенатот притиска за санкции

Есеноска Сенатот во Вашингтон донесе закон кој предвидува санкции против Кина. Дека законот ќе стапи во сила е малку веројатно, зашто согласност мора да даде и Конгресот, а таму моментно нема мнозинство за таа одлука. Но, со изборната кампања во САД, веројатно и владата на Обама ќе се откаже од пријателските гестови кон Кина. САД мора да побрзаат да го наговорат Пекинг на соработка во случајот со Иран.

Автор: Матијас Белингер/ Ж. Ацеска

Редактор: Борис Георгиевски