1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зубков ги соопшти приоритетите на неговата политика

14 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bflo

Виктор Зубков кој е номиниран за нов премиер на Русија во денешниот говор пред пратениците во руската Дума изјави дека развојот на воено индустрискиот комплекс ќе биде приоритет на неговата политика. Тој најави и формирање на специјални сили кои ќе се борат против корупцијата. Инаку пратениците денеска треба да се изјаснат за неговиот избор по предлог на претседателот Владимир Путин. Партијата Обединета Русија која има двотретинско мнозинство во парламентот веќе потврди дека ќе гласа за Зубков, кој инаку е поранешен финансиски експерт. Тој не отфрли можност за кандидатура и за претседател на земјата.