1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иванов: САД градат нов Берлински ѕид во Европа

8 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BDlX

Во спорот околу планираниот антиракетен одбранбен штит во централна Европа, Русија им префрли на САД дека градат нов берлински ѕид. Владата во Вашингтон се обидува да востанови нови линии на поделба, гради нов Берлински ѕид, изјави за руската државна телевизија заменикот премиер Сергеј Иванов. Поставувањето елементи од антиракетниот систем во Чешка и Полска очигледно преставува јасна закана за Русија, рече тој.