1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Идентификуван вториот бомбаш

23 август 2006

Идентификуван е и вториот осомничен, во врска со нападите со подметнатите куфери бомби во регионалните возови во Северна Рајна Вестфалија,покрај веќе уапсениот либански студент во Кил.20 годишниот човек има исто либанско потекло,живеел во Келн,а во моментов се наоѓа во бекство,соопшти сојузниот генерален обвинител Моника Хармс.

https://p.dw.com/p/Ac3q
Од истрагата во Келн
Од истрагата во КелнФотографија: AP

Три недели по неуспешните напади врз два рагионални воза ,сојузната служба за криминал изврши претреси во станови во повеќе германски градови.Во Келн полицијата го претресе станот на осомничениот втор подметнувач на бомби, ќе биде издаден и налог за негово апсење .

Според весникот Зиддојче цајтунг,меѓутоа,можно е тој да се наоѓа на Блискиот исток,Имено,имињата на двајцата осомничени наводно биле на листата патници во авион за Истанбул,со кој што заминале уште на 31 јули,истиот ден на кој се извршени неуспешните атентати.Уапсениот студент потоа од непознати причини пак се вратил во Германија.

И во Рурската област вчера биле претресени повеќе станови и деловни објекти.Според новински извештај,плински боци биле најдени кај еден трговец со автомобили во Есен.Тоа може да биде во врска со двајцата подметнувачи на бомби во куфери,кои биле направени со наполнети шишиња со плин.

Освен тоа,според полициски наводи,во Есен и во Гелзенкирхен биле притворени двајца трговци со прехранбени производи.Претходно полицијата дошла до сознанија дека едниот осомничен, во саботата уапсениот студент од Кил до средината на минатата година живеел во Милхајм,а на крајот во една зграда во близина на главната железничка станица.

Очигледно во врска со ова е и големата акција на сојузната служба за криминал и на полицијата во Оберхаузен.Таму вчера во едно предградие била блокирана цела зграда,велат нејзините станари:

-Зад нас и во дворот насекаде имаше полиција,потоа кај соседите на покривот,целата улица беше блокирана.

-Тие упаднаа овде кај нас,во дворот,зад зградата,насекаде.Брзо ја затворив вратата и ги посматрав,ми беше страв.

Целта на акцијата бил стан во кој според соседите од пред два месеци живее едно младо семејство од Либан.Таткото се појавил по пристигнувањето на полицајците,го испрашувале околу едне час во станот,а подоцна го одвеле.За што го обвинуваат,не е јаснозатоа што засега полицијата се воздржува од било каква информација додека е во тек истрагата.

Министерот за внатрешни работи на покраината Северна Рајна Вествалија Инго Волф најави консеквенци и нова законска иницијатива:

-Сакаме да добиеме можност и против внатрешните терористички мрежи да постапуваме како и против Ал Каеда.Тоа е една работа,втората-да можеме не само да ги прислушуваме телефоните,туку да го надгледуваме и интернетот,зашто комуникацијата засилено се одвива преку него.

Според медиумите,осомничениот уапсен Либанец имал контакти со Низб ут Тахрир ал ислами,антиизраелска организација,која во 2003 година е забранета во Германија,а која гради контакти во Рурската област. Седиштето и е во Либан.