1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иде тешко време за Буш

9 ноември 2006

Демократите како победници на изборите во САД најавуваат промена на курсот во политиката на земјата. Војната во Ирак беше одлучувачка за ваквиот изборен исход, но американскиот претседател Буш тешко дека ќе ја промени својата политика, смета во својот коментар Даниел Шешкевиц.

https://p.dw.com/p/Advy
Буш за време на кампањата
Буш за време на кампањатаФотографија: AP

Американците избирачи донесоа мудра одлука. И рекоа јасно “не” на целосната превласт на една партија. Поинаку отколку до сега, американскиот претседател Буш ќе мора да се соочи со опозицијата која доби јасен мандат од бирачите. И најавија промена на курсот. Избирачите порачаа дека нема по секоја цена да го толерираат продолжувањето на американскиот ангажман во Ирак. Сега Буш, пред конгресмените од година во година ќе мора да објаснува зошто војната во Ирак, и покрај утврдената состојба, е вредна да се жртвуваат животите на американските војници и да се трошат милијарди долари даночни придонеси на граѓаните.

Демократите во Претставничкиот дом како мнозинска партија освен тоа, имаат право претседателот и членовите на неговата влада да ги повикуваат на сослушување. Со тоа е речиси е веќе програмирано дека истражниот одбор ќе се позанимава со тврдењата за оружје за масовно во Ирак, кое на претседателот Буш му беше причина за почеток на војната.

На Буш идните две години од владеењето, сосема сигурно ќе му бидат многу тешки. Веќе минатата година тој често пати ги заобиколуваше одлуките на парламентот и го користеше своето уставно право. Но, демократите сега подобро ќе го контролираат Буш. Поделената одговорност за демократите пак, истовремено е добра појдовна позиција за претстојните претседателски избори во 2008 година. Со оглед на загубената ситуација во Ирак, тие сепак ќе бидат поштедени од превземање на целосна одговорност.

Така можат да го критикуваат претседателот поради неговите грешки во минатото, а при тоа не се обврзани да сами да најдат излез од кризата. Но, оваа смена во Конгресот, не е само гласање за Џорџ Буш и војната во Ирак.Кон ваквиот исход придонесоа и новите корупциски скандали меѓу конгресмените, пред се од редовите на Републиканската партија.

Американските граѓани на овој начин ги казнија политичарите од редовите на владеачката партија поради нивната грабливост, дубиозно работење и желбата по секоја цена да се остане на власт.

Резултатот е очекуван. Во шестата година од владеењето, претседателите традиционално може да очекувате изненадувачки пресврти во политиката, особено во воени времиња како што е сега случај.

Така беше исто и со Хари Труман и Френклин Рузвелт. Резултатот од изборите нема да го наведе Буш на промена на неговата политика. Изборните резултати се премногу блиски, а американскиот претседател е премногу убеден во својата историска мисија.