1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Идилична природа без луѓе!

Вера Тодоровска29 јуни 2006

Иако Дебарско - Реканскиот крај е обдарен со живописна природа, народот таму ја напушта родната грутка. Причината за тоа зошто младите заминуваат во странство е безпарицата и безработицата.

https://p.dw.com/p/AddJ
Од избори во Македонија
Од избори во МакедонијаФотографија: AP

Кога мајката природа одлучувала, каде?, колку? и со што? да го дарува она парче на замјината топка наречено Македонија, се чини воопшто не се двоумела. Најголемите природни богатства и бескрајни убавини ги дарила токму во Дебарско – Реканскиот крај. Живописен предел, каде секојдневниот живот минува меѓу жуборот на реката Радика и шумолењето на планината Бистра. Не случајно и зборовите на намерните или случајни патници, дека сите оние кои сакаат првиот утрински поглед да им бидат падините на Бистра, а првиот звук што ќе го чујат да биде жуборот на Радика бараат идеално место каде животот се преодолжува; а тоа се токму Дебар и областа Река. Идиличната слика во овој крај ја дополнуваат и делата на вредната човекова рака: манастири, мостови, амами, кои опстојувајќи со векови говорат за минатото на овој крај и голготите низ кои минувале неговите жители.

Дебарскиот крај со децении на врвот на најнеразвиените

Би се рекло сите потребни условии за развој. Но кога со децении ќе се остави целото ова подрачје на маргините, и малку или воопшто не се инвестира, повеќе од јасно е зашто и натаму е на врвот на најнеразвиените во државата. А кога со децении го носиш епитетот најнеразвиен, тогаш и не треба многу да се зборува како живеат граѓаните?, кои токму поради немаштијата, масовниот бран на иселување, кој никако да запре, бројчано ги десеткувал. Затоа болна вистина е дека денес Дебар е во САД, а Жупа и Река во Италија и Германија.

Печалбарството мака на Дебраните

Статистиката потврдува дека моментнот во САД живеат 15.000 Дебрани. Во Италија 6.000 претежно од Жупа и неколку илјади Долно – Реканци во Германија. Бранот на иселувања не запира, и најмала можна шанса младите ја ползуваат и заминуваат.

Стопирање на миграцијата главно ветување во предизборието во Дебар

Стопирањето на миграцијата е едно од главните ветувања на сите политички партии во оваа предизборна кампања. Ќе инвестираме во проширување на патниот правец Дебар - Жировница, во изградбата на хидро – централата Бошков мост, ќе го потпомогнеме со поволни услови развојот на малото стопанство итн. Тоа се зборовите кои ги изговараат претендентите за добивање на власта, а Дебрани повеќе од разочарани од сите нив зошто како што велат ги посетуваат само кога им требаат гласовите – од избори на избори, после то ги забораваат.„Сме се изнаслушале, ветувања, само ветувања и на крај ништо од тоа. Нашите деца се повеќе избегаа во странство, немаме ништо останавме во нашиот роден крај само стари луѓе. “ со нескриен револт и тага во душата вели Седат Мустафовски, градежен работник, кој со тешки маки ги школувал двајцата синовии. Едниот е цариник, а другиот стоматолог. Но и двајцата не се со него – едниот во Германија, а другиот во Италија.

Меѓу илјадниците со идентична мака и Идает Карамети. „ Двата сина, невестите и момчињата ми се во Америка. Ние со сопругот сме дома. Пензионери. Во куќа планирана да живее поголемо семејство. Незнам, сигурно и јас ќе заминам кај нив. Што ќе правиме овде.“

Младите среќата ја гледаат во странство

Поголемиот дел млади Дебрани среќата ја гледаат во странство. Тука велат нема никакви шанси за вработување. Или треба да бидеш партиски војник или близок роднина на оној кој ќе дојде на власт. Стопанството е замрено. Еднинсвено добро работи поранешниот комбинат за гипс, а сега една од 152 фабрики на австриската фирма Кнауф. Но тука нови вработувања нема. Многу се и сегашните. Бројот на невработените во центарот за вработување приближно е 5.000, од нив 1.606 жени. Ако е за некаква утеха добар дел од нив остваруваат одредени права, како што е социјална помош, материјален надомест, а над 3.700 здравствено осигурување. Во меѓу - општинскиот центар за социјална работа разни права остваруваат 1670 корисници.

Мирни избори – желба на граѓаните во Дебарскиот крај

Сите невработени во овој крај како и оние со статус вработени сепак со една желба изборите да минат мирно без инциденти за доброто на сите. „Се надеваме дека изборите ќе поминат на фер и демократски начин без инциденти. Тоа е добро, не само за градот туку и за целата земја која се наоѓа во чекор кон Европската унија. Како претставник на невладина организиација, сакам Дебар по изборите да ја надмине економсктата криза, а најмногу да се запре миграцијата.“

И додека политичарите се во рпедизбнрна трка, жителите од овој крај го чекаат наредниот и месец август, кога нивните блиски доаѓаат во родниот крај да ги минат одморите и да направат по некоја веселба.