1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Идната година клучна за Западен Балкан и ЕУ

2 ноември 2007

Заедно со извештајот на ЕУ за Македонија, во вторник ќе се пренесат и сознанијата од студијата „Стратегија за проширување и предизвиците за 2008 година„:на среден или долг рок, Западен Балкан најверојатно ќе влезе во ЕУ

https://p.dw.com/p/C0NW
Брисел очекува резултатиФотографија: AP

Под поимот основа за добро владеење се подразбира решавање на фундаменталните прашања околу изградба на државност , административни и судски реформи, владеењето на правото и јакнењето на граѓанското општество. Значи парите што ЕУ досега ги користеше за развој, сега ќе се пренаменат за создавање вистински држави во Западниот Балкан .Оли Рен ова ќе го соопшти во вторник, но неофицијално од студијата која носи ознака доверлива се дознава дека во Македонија честите тензии и недоволната ссоработка меѓу политичките сили ги забавиле реформите . Во некои земји,се вели во студијата, недостасува дијалог и поголем дух на толеранција и тоа не само во меѓуетничките односи. Нормалното функционирање на институциите треба да биде загарантирано преку владеењето на правото , судските реформи и борбата против корупцијата. Организираниот криминал останува сериозен проблем а криминалните мрежи се раширени до социјално економските сектори и политиката. Со исклучок на Хрватска и Србија, административниот капацитет насекаде е слаб и не ги спроведува бргу и добро реформите, стои во Стратегијата за 2008 на ЕУ.

Барање за исполнување повеќе услови

Инаку Европската Комисија смета, дека во Македонија сепак е постигнат некаков прогрес, пред се на економски план и донекаде и во борбата против корупцијата. Генерално ЕУ оценува дека идната година ќе биде клучна за земјите од Западниот Балкан. Брисел меѓутоа воведува нова терминологија и говори за „подобрување на квалитетот на процесот на проширување„. Во тоа може да се види, дека ЕУ за овој простор ќе воведува заострени услови, за донекаде да ја смири скептичната европска јавност. Но дали тоа ќе значи и поголеми шанси за членство на овие земји во ЕУ, тоа во моментов е сосема неверојатно .