1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иднината на Косово и Србија е во ЕУ

18 февруари 2012

Американската државна секретарка Хилари Клинтон и шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон по средбата во Вашингтон соопштија дека иднината на двете земји е во ЕУ

https://p.dw.com/p/145IX
Фотографија: AP

„Го делиме ставот дека иднината на Косово и на Србија е во ЕУ и САД силно го поддржуваат дијалогот кој го надгледува ЕУ во обид да се унапреди евроинтеграцијата на двете земји“, соопшти Клинтон.

Таа додаде дека нејзиниот заменик Вилијам Бернс, кој по вчерашната посета на Србија денеска ќе престојува во Приштина, им дава поддршка на двете страни за флексибилност и отвореност за компромис во преговорите.

Ештон изјави дека ЕУ одблизу соработува со Белград и Приштина и изрази надеж дека ќе биде возможно да се работи на планот со кој ќе и се овозможи на Србија да добие кандидатски статус за членство во ЕУ, а Косово да напредува во визната либерализација и трговијата со Унијата.

„Состојбата меѓу Србија и Косово е многу важна за ЕУ и затоа веруваме дека иднината на двете земји се наоѓа во ЕУ“, рече Ештон.

Клинтон и Ештон во Вашингтон разговарале и за иранската нуклеарна програма како и за состојбата во Сирија.

Автор: БГ/бета

Редактор: Жана Ацеска