1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иднината на Македонија е во НАТО и ЕУ

Горан Петрески18 април 2008

Македонија и Хрватска заслужуваат заедно да влезат во ЕУ. Со оваа порака германскиот претседател Хорст Келер направи биланс на неговата мини балканска турнеја.

https://p.dw.com/p/DkLf
Германскиот и македонскиот претседател, Келер и ЦрвенковскиФотографија: Dragan Todorovski

По посетата на двете земји, Келер оцени дека Македонија заостанува во развојот зад Хрватска, но не се посомнева во евроатлантските перспективи на Македонија.

Иднината на Македонија е во НАТО и ЕУ, е ставот со кој шефот на германската држава си замина од Скопје по дводневната официјална посета на Македонија.

Кои се реалните проблеми на луѓето

По вчерашните средби со државниот врв и политичките лидери од власта и опозицијата и апелот до грчките власти да покажат готовност за компромис, Келер денеска сакаше да го почувствува реалниот живот во македонската престолнина.

Какви се желбите и визиите на младите луѓе, како функционираат меѓуетничките и меѓуверските односи? По средбите со средношколците и со верските лидери, германскиот претседател е уште поголем оптимист за иднината на Македонија.

Средби со младите и лидерите на верските заедници

Утрото Келер ја посети Гимназијата Јосип Броз Тито во центарот на Скопје. Ги прашуваше учениците за нивните секојдневни грижи и амбиции, за фрустрирачките Шенген бариери, за нивната подготвеност за надминување на меѓуетничката нетрпеливост.

Bundespräsident Horst Köhler in Gymnasium in Skopje
Хорст Келер во Гимназијата Јосип Броз Тито во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski

Новата Европа треба да биде не само унија на слободна економија, туку и семејство на урамнотежена социјала, им ја кажа својата визија германскиот државник на македонските гимназијалци. По средбата со младите, тој разговараше со верските лидери во Македонија. Во манастирскиот комплекст Свети Пантелејмон на средно Водно Келер разговараше со поглаварите на најбројните религиски групи во Македонија. Германскиот претседател добил впечаток дека во Македонија е постигнато задоволително ниво на меѓурелигиска хармонија. Најмногу бил импресиониран од Религиозниот форум, специјално тело составено од припадници на различна вероисповед, кое редовно дебатира за сите чувствителни прашања. Верските лидери го изразиле ставот дека Македонија терба да го задржи името и апелирале Германија да се заложи и да и‘ помогне на Македонија да го реши овој проблем. Името не епроблем само на Македонија, ако не се реши, лесно може да се продлабочи и сериозно да ја засегне и Европа, било оценето на средбата на Пантелејмон.

Bundespräsident Horst Köhler mit in Skopje
Во посета на Старата чаршија и скопските знаменитостиФотографија: Petr Stojanovski

Германскиот претседател ја обиколи и Старата чаршија во Скопје.