1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборите во Авганистан - одложени

28 март 2004

На само неколку дена пред одржувањето на конференцијата за Авганистан во Берлин, претседателот на таа земја, Хамид Карзаи, објави одлагање на изборите, првично планирани за јуни. Претседателските и парламентарните избори ќе се одржат истовремено во септември, изјави Карзаи.

https://p.dw.com/p/AcOT
Хамид Карзаи
Хамид КарзаиФотографија: AP

Се шпекулираше и аргументираше со месеци. Сега е официјално тоа што во Кабул долго време важеше како веројатно, повеќе како неизбежно. Изборниот термин, зацртан во договорот од петерсберг пред две години, нема да може да се испочитува. Претседателот Хамид Карзаи, денеска во Кабул објави дека терминот за избори е одложен за септември. Тоа ќе биде пред муслиманскиот месец на пости Рамазан, кој е во октомври и пред почетокот на зимата во Авганистан. Главна причина за одлагање на изборите се безбедносните проблеми и бавната регистрација на избирачите. Околу 10 милиони Авганистанци, според проценките имаат право на глас, а досега, со помош на ОН се регистрирани само околу 1,6 милиони. Тимовите за регистрација досега се концентрирани исклучиво на големите градови во земјата.

Изборите би можеле да бидат лажирани, со помош на вооружените сили, стравуваат странските дипломати во Кабул. Затоа,сега, треба да зе забрза демоболизацијата и разоружувањето на регионалните милиции. Во многу подрачја зборот го имаат сеуште воените лордови и нивните приватни армии. До изборите треба да бидат разоружани 40 илајди борци, соопшти авганистанското министерство за одбрана.