1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборите на Косово течат без проблеми

17 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CIOZ

На денешните избори на Косово до 10 часот излегле 10% од гласачите, соопшти претставник на Централната изборна комисија. Тој потврди дека во северниот дел населен со Срби досега нема регистрирано гласачи. Претходно од набљудувачката мисијата на ОБСЕ соопштија дека гласањето се одвива без проблеми. Потешкотии имало при отворањето на неколку гласачки места во кои не се појавиле изборните комисии кои потоа биле заменети со други лица. Околу 1,5 милиони луѓе со право на глас денеска ги бираат идните парламентарни и локални власти во покраината. Изборите ги набљудуваат 25 000 меѓународни и домашни набљудувачи. Изборните места ќе бидат отворени до 19 часот. Резултатите се очекуваат утре.